„Мојата цел е да се обидам да освојам уште едно место на подиумот и да бидам постојано на врвот, но сепак не знаеме како ќе се однесуваат новите пневматици“

После поразот од тимскиот колега Валентино Роси пред домашната публика на патеката во Херез, актуелниот MotoGP шампион Хорхе Лоренцо се фокусира на позитивните работи.

Лоренцо трет пат се најде на подиумот оваа сезона и се доближи на само четири поени заостанување од возачот на Honda и лидер на табелата, Марк Маркез.

lorenzo leman 16

„Херез беше добра трка. Не беше перфектна поради резултатот што го постигнавме но сепак успеавме да освоиме уште едно место на подиумот,“ изјави Лоренцо.

„Во секоја трка мораме да освојуваме поени исто како што направивме и во Херез. Затоа сега можеме да се фокусираме на Ле Ман каде што планираме повторно да го направиме истото. Франција честопати знае да биде незгодна поради лошото време па затоа мораме да бидеме подготвени во случај да заврне.“

„Во секој случај, мојата цел е да се обидам да освојам уште едно место на подиумот и да бидам постојано на врвот, но сепак не знаеме како ќе се однесуваат новите пневматици. Секоја трка е различна па затоа мораме да бидеме фокусирани во текот на целиот викенд и да се обидеме да го извлечеме максимумот.“

Лоренцо беше дел од неколкуте возачи кои имаа проблеми со пневматиците на Michelin на трката во Херез. Француската компанија ќе донесе дополнителни две гуми на трката.

Шпанецот оствари победа на трката во Ле Ман минатата сезона.

Back To Top