„Тимот заврши одлична работа од последниот тест и има забележителен напредок“ – Ренди де Пуние

Тимот на KTM тестираше на патеката во Брно. Мика Калио и Ренди де Пуние беа подготвени да го возат RC16, но мораа да останат во гаражите поради лошото време. Во Вторникот се појави сонце, но сепак времето беше ладно.

„Можеме да бидеме задоволни од напредокот што го постигнавме денеска. Го прилагодивме мотоциклот за вториот ден и испробавме неколку нови работи. Поради ладното време воопшто не беше лесно да се вози, но сепак имаме план и знаеме што треба да направиме за да се подобриме,“ изјави Калио.

AU1428960

Де Пуние додаде: „И покрај лошите временски услови, успеавме да направиме голема работа во однос на контролта на тракцијата, моторното запирање и шасијата. Тимот заврши голема работа од последниот тест и има забележителен напредок. Напредуваме чекор по чекор. Се чувствувам одлично во тимот и се надевам дека и останатите го делат истото мислење за мене.“

Поранешниот шеф на Repsol Honda MotoGP, Мајк Лајтнер кој сега е потпретседател на KTM, исто така изјави дека тимот има голем напредок, пред очекуваниот деби настап на трката во Валенсија.

„Тимот ги подобри перформансите и нема никаков проблем. Сите дојдоа на патеката одлично подготвени и беа фокусирани на своите задачи,“ изјави Лајтнер.

Техничкиот директор Себастијан Рисе соопшти дека сепак има мали проблеми поради лошото време.

„Не чека уште работа. Мораме внимателно да слушаме што ни кажуваат нашите возачи. Во моментов сме фокусирани на електрониката и на пневматиците. Потребни ни се стабилни временски услови за да видиме што ќе не направи поконзистентни и побрзи.“

Тестот во Брно е трет тест за тимот на KTM оваа година. Бредли Смит ќе настапува за нив следната сезона, а името на вториот возач се уште не е познато.

Back To Top