По успешното партнерство во Moto3, KTM и WP одлучија да соработуваат и на нов проект.

WP Performance Systems исто како и KTM, Husqvarna и Pankl им припаѓаат на Cross Industries AG. Седиштето на компанијата се наоѓа во Австрија, веднаш до фабриката на KTM. Покрај производството на елементи за суспензијата, системи за ладење, рамки и издувни вентили, мотоспортот е еден од најважните елементи на WP.

5 730x487

Минатата година со Јохан Зарко тие за прв пат го освоија Moto2 шампионатот, а притоа користеа суспензија која сами ја имаат изработено. Инспирирани од оваа одлична соработка, тие одлучија повторно да соработуваат.

Moto2 проектот има големо значење за нас.  Преку нашиот раст и долгорочни инвестиции сакаме да го затвротиме целиот овој круг.  Млад возач ќе може да се стекне со првото мото искуство во купот посветен за млади возачи, потоа ќе може да премине во нашиот Moto3 тим а потоа преку новиот Moto2  проект да премине во премиерната класа.  Има некои работи што се потврдуваат како успешни за KTM и WP во професионалното натпреварување. Во иднина сакаме да имаме возачи во нашиот MotoGP проект кои ќе потекнуваат од нашата академија.Стефан Пиерер (извршен директор на Cross Industries AG)

WP веќе ги произведе сите шасии за Moto3 тимовите како и за Red Bull MotoGP Rookies Cup. За MotoGP проектот на KTM, WP произведе голем дел од екстремно специфичните делови, се до шасијата. Сега, развојниот оддел на WP развива комплетен мотоцикл за Moto2 светскиот шампионат. Првиот тест се оддржа на 3-ти на патеката во Алмериа, Шпанија.

Back To Top