28
Нед, Мај
MotoGP

KTM ги потврди Ренди Де Пуние и Том Лути за тест возачи

KTM на големо се подготвува за враќање на патеката, тие ќе ги имаат MotoGP ветеранот Ренди Де Пуние и Том Лути како тест возачи.

Следете нè на:

 

Тимот на KTM на големо се подготвува за враќање на патеката. Тие додадоа двајца нови членови на нивниот тим. Според една порака што беше објавена на Twitter, KTM ќе ги има MotoGP ветеранот Ренди Де Пуние и Том Лути како тест возачи. Тие ќе бидат надополнување на Мика Калио и Алекс Хофман.

Се обидовме да ја најдеме пораката на KTM но не успеавме. Се што успеавме да најдеме е една слика која е објавена од gp-inside.

ktm confirms randy de puniet and tom luthi as test riders 2

Оваа информација потекнува од кредибилен извор, а исто така и потегот на KTM има смисла. Австрискиот тим има многу работа пред нивниот официјален настап на трката во Валенсија, која е последна од MotoGP шампионатот за сезоната 2016.

Од KTM веќе изјавија дека подготовките за MotoGP проектот одат според планот, а мотоциклот официјално ќе го има својот деби настап за време на трката во Австрија на 14 Август.

KTM RC16 може да произведе 270 коњски сили но тоа не е се во поглед на перформансите. Всушност, да се има поранешен тест возач на Suzuki во тимот има смисла, особено ако уште еднаш ги прочитаме зборовите на Стефан Пиерер.

ktm rc16 motogp test.middleKTM RC16 на своето деби

Извршниот директор на KTM изјави дека RC16 нема да се соочи со истите проблеми што ги имаше и моделот на Suzuki, GSX-RR во сезоната 2015. Во однос на целите за сезоната, тој изјави дека ќе се обидат да држат чекор со Suzuki и дека редовното завршување меѓу првите десет возачи ќе биде приоритет.

Со поранешниот тест возач на Suzuki на платниот список, KTM си ги зголемува шансите  за да создаде шасија која ќе биде многу подобра од првичната замисла. На Алекс Еспаргади и на Маверик Вињалес навистина им се допадна мотоциклот после само едно возење. Со вклучувањето на Де Пуние, KTM секако дека ќе се обиде да ги надмине перформансите на Хамамацу.

Се уште немаме информација кој ќе го вози KTM RC16 на патеката во Валенсија. Некои велат дека тоа ќе биде Мика Каило, благодарение на неговото поранешно искуство со пневматиците на Michelin.

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!