17
Вто, Јан
MotoGP

Крис Вермулен се враќа во МотоГП?

motori chris-vermeulen-motoriСамо пет дена траеше радоста на Роберто Ролфо дека ќе има прилика да се натпреварува во МотоГП шампионатот со тимот на „IodaRacing“. Откако минатиот викенд тимот го најави како втор човек кој ќе му прави друштво на Данило Петручи, по завршувањето на тестовите резултатите беа далеку под очекуваните..

Следете нè на:

 

chris-vermeulen-motori

Само пет дена траеше радоста на Роберто Ролфо дека ќе има прилика да се натпреварува во МотоГП шампионатот со тимот на „IodaRacing“. Откако минатиот викенд тимот го најави како втор човек кој ќе му прави друштво на Данило Петручи, по завршувањето на тестовите резултатите беа далеку под очекуваните, па Џампиеро Саки е во потрага по нов возач за својот тим.

Според нашите информации во игра за место во тимот е Крис Вермулен, возачот со кој направивме интервју на почетокот од 2011 година. Вермулен последен пат настапуваше за тимот на Кавасаки во Супербајк шампионатот, каде 2010 година ја одбележа стравотниот пад заради кој подоцна се повлече од сезоната, а и следната 2011 не беше ништо подобра за него. Бројните повреди, а потоа и операции го оддалечија од патеките па иако не е миленик на CRT тимовите, ова ќе биде одлична можност за него да се врати во МотоГП. Имајќи во предвид дека во 2012 година настапи само на една трка кога го замени повредениот Колин Едвардс на патеката ЛеМан, и притоа финишираше на 17-та позиција, „IodaRacing“ се чини како логична одлука во моментов.

Сеуште не е потврдена официјално информацијата, но се очекува во текот на следната недела да бидат финиширани сите формалности и тимот да добие искусен возач, а Крис Вермулен повторно да се врати на патеките.

comments

Би можело да ве интересира

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Десетата етапа на релито Дакар се покажа како лоша за возачот на Rockstar Energy Husqvarna, Пабло Квинтанила, кој мораше да се повлече од трката.

Тимот на Repsol Honda од 2017 година ќе започне да ги користи издувите од SC-Project наместо досегашните од Termignoni откако потпишаа технички договор со Италијанската компанија.

Неколку недели откако беше објавено промотивното видео, Triumph ни ја претстави Street Triple линијата која ни доаѓа со поголема моќност, број на вртежи, технологија и перформанси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!