На претстојната Гранд При трка во САД овој викенд Кени Робертс Јуниор ќе им се приклучи на неговиот татко, Кени Робертс, како и на Американците Еди Лосон, Вејн Рејни, Кевин Шванц и Ники Хејдн и ќе стане официјална MotoGP легенда.

На претстојната Гранд При трка во САД овој викенд Кени Робертс Јуниор ќе им се приклучи на неговиот татко, Кени Робертс, како и на Американците Еди Лосон, Вејн Рејни, Кевин Шванц и Ники Хејдн и ќе стане официјална MotoGP легенда.

Кени Робертс ќе стане официјална MotoGP легенда во петок на патеката во Остин, Тексас. Синот на легендарниот Кени Робертс, ја започна својата Гран При кариера во тимот на неговиот татко во серијата од 250cc пред да премине во премиерната класа во 1995 година.

2001gpmugello 7

После две сезони во Modenas KR3, возачот од Калифорнија доживеа успех кога премина во фабричкиот тим на Suzuki во 1999 година. Таа сезона тој успеа да постигне неколку победи и на крајот заврши на второто место во генералниот пласман веднаш зад возачот на Honda, Алекс Кривие.

Следната сезона Робертс успеа да постигне четири победи и пет пати се искачи на подиумот што му овозможи да ја освои титулата. Иако остана со тимот и во следните пет сезони, Робертс успеа да освои само уште три места на подиумот.

Откако се врати во тимот на неговиот татко во 2006 година, неговата кариера оживеа. Освои две места на подиумот и за малку не славеше на трката во Есторил. На крајот на сезоната заврши како шести.

Но во 2007 година и преминот на моторите со зафатнина од 800cc, неговите перформанси значително паднаа. Откако освои само четири поени од седум трки, Робертс Јуниор реши да се повлече од натпреварувањето.

Неговиот татко и три кратен шампион во премиерната класа веќе е дел од MotoGP Hall of Fame.

Веднаш по Робертс Јуниор, и шампионот од 1981 година, Марко Лучинели, ќе стане дел од оваа група и ќе останат само четири 500cc шампиони кои се уште не се дел од куќата на славните. 

Back To Top