MotoGP

Kawasaki размислува за враќање во MotoGP?

Доколку Kawasaki сака да се врати, партнерството со Forward би бил очигледен избор со оглед на тоа што Dorna одбива да додаде дополнително место.

Следете нè на:

 

kawa-motogpЌе го видиме ли повторно „Зелениот“ тим во МотоГП?

Сопственикот на Forward Racing, Џовани Кузари, на почетокот на неделава зборуваше за неговата цел да обезбеди привлечен тим за MotoGP конструктор.

Suzuki - кои веќе се подготвуваат за враќање во 2014 година - беа очигледен кандидат, а во игра е и соработка за мотор од Yamaha или можеби Honda.

Но Кузари откри дека постои контакт и со друг производител, Kawasaki.

Италијанецот за Gpone.com изјави: “Веќе размислуваме за 2014. Само што се вратив од состанок со Ецпелета (извршниот директор на Dorna) на кој разговаравме за проектите на Honda и Yamaha. Исто така имав контакт и со Suzuki и Kawasaki.”

Forward Racing беше формиран од „Hayate Racing“ тимот, а тој пак беше создаден од Kawasaki  и за нив возеше Марко Меландри во 2009 година, по официјалното повлекување на фабричкиот тим од MotoGP на стартот на таа година.

Доколку Kawasaki сака да се врати, партнерството со Forward би бил очигледен избор со оглед на тоа што Dorna одбива да додаде дополнително место.

Forward ќе користи машина на Kawasaki во оваа сезона, а возачи ќе бидат Колин Едвардс и Клаудио Корти.

Тимот на Kawasaki се натпреваруваше во MotoGP од 2002 до 2008 и освои четири подиуми пред да ја суспендира својата MotoGP активност поради финанскиски причини – одлука која ја повтори и тимот на Suzuki  на крајот на 2011 година.

За разлика од Suzuki кој сеуште го одржува својот MotoGP проект во живот, од Kawasaki немавме никаква информација.

Откако го напушти MotoGP, Kawasaki ја зголеми својата активност во Светскиот Супербајк Шампионат, завршувајќи на второто место минатата сезона.

 

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!