20
Пон, Фев
MotoGP

Катар MotoGP резултати од првиот тест

Резултати од првата вечер на последниот MotoGP претсезонски тест во Катар.

Следете нè на:

 

Првата вечер од последниот MotoGP тест се одржа во Лосаил, Катар.

Повредениот Данило Петручи е единствениот кој не присуствуваше на третиот официјален тест. Фабричкиот возач Мишел Пиро го зазеде неговото место. Aprlilia им се приклучи на останатите тимови откако го пропушти тестот на Филип Ајленд.

lor qat1Лоренцо беше најбрз на првиот ден од тестирањето во Катар

Актуелниот шампион Јорхе Лоренцо го остави тешкиот настап на Филип Ајленд зад него. Во интересна борба со возачот на Suzuki, Маверик Вињалес, Лоренцо успеа да постигне најбрзо време на еден извозен круг.

Валентино Роси, минатогодишниот победник во Катар, имаше мала незгода но на крај сепак успеа да заврши на третото место.

Андреа Јанон од Ducati заврши на четвртото место, а веднаш зад него се најдоа Хектор Барбера и Андреа Довициозо. Кал Крачлоу од Honda заврши на седмото место.

Од возачите на Aprilia најбрз беше Штефан Брадл. Тој заврши на осумнаесетото место.

Тестот траеше од 4 до 11 часот попладне, но повеќето од возачите чекаа прво да зајде сонцето па да почнат да возат. На кратко се појавија и црвени знамиња за да се проверат условите на патеката.

Тестовите ќе продолжат во четврток и петок. Првата трка од шампионатот ќе се оддржи на истата патека од 17ти до 20ти март.

1. = Jorge Lorenzo ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1)1m 55.452s [Lap 23/36]
2. = Maverick Viñales ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)1m 55.880s +0.428s[28/44]
3. = Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1)1m 55.894s +0.442s[31/34]
4. = Andrea Iannone ITA Ducati Team (Desmosedici GP16)1m 56.119s +0.667s[53/53]
5. = Scott Redding GBR Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15)1m 56.213s +0.761s[27/46]
6. = Hector Barbera ESP Avintia Racing (Desmosedici GP14.2)1m 56.320s +0.868s[27/27]
7. = Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Desmosedici GP16)1m 56.388s +0.936s[46/52]
8. = Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V)1m 56.510s +1.058s[21/36]
9. = Bradley Smith GBR Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)1m 56.517s +1.065s[23/38]
10. = Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V)1m 56.523s +1.071s[29/45]
11. = Aleix Espargaro ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)1m 56.552s +1.100s[25/35]
12. = Pol Espargaro ESP Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)1m 56.747s +1.295s[34/43]
13. = Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V)1m 56.910s +1.458s[26/27]
14. ˄ Yonny Hernandez COL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2)1m 57.021s +1.569s[39/40]
15. ˅ Loris Baz FRA Avintia Racing (Desmosedici GP14.2)1m 57.121s +1.669s[31/32]
16. = Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)1m 57.850s +2.398s[33/37]
17. = Michele Pirro ITA Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15)1m 57.891s +2.439s[48/50]
18. = Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)*1m 58.016s +2.564s[36/38]
19. = Stefan Bradl GER Factory Aprilia Gresini (RS-GP)1m 58.066s +2.614s[14/26]
20. = Eugene Laverty IRL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2)1m 58.269s +2.817s[32/34]
21. = Hiroshi Aoyama JPN Honda Test Rider (RC213V)1m 58.744s +3.292s[28/52]
22. = Alvaro Bautista ESP Factory Aprilia Gresini (RS-GP)1m 58.753s +3.301s[16/16]
23. = Takuya Tsuda JPN Suzuki Test Rider (GSX-RR)2m 0.578s +5.126s[35/45]

 

comments

Би можело да ве интересира

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Тимот на ECSTAR Suzuki се појави на патеката со својот нов аеродинамичен пакет и покажа како Јапонскиот производител ќе се носи со забраната за употреба на крилца.

Откако постави најдобро време на вчерашниот втор ден од тестирањето на Филип Ајленд, возачот на Јамаха успеа да го повтори успехот и да го заврши пред сезонскиот тест на првата позиција.

Актуелниот Светски шампион во МотоГП, Марк Маркез, денеска полни 24 години.

Federal Mogul е глобален лидер во развојот и производството на мото производи за стандардните и оф роуд мотоцикли. Нивните производи обезбедуваат високи перформанси кои особено ги ценат најдобрите светски возачи.  

Хорхе Лоренцо призна дека тестот на Филип Ајленд започнал многу подобро отколку првиот тест во 2017 година кој го имаше во Сепанг на почетокот на овој месец. Трикратниот светски шампион на крајот на денот заврши високо на табелата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!