MotoGP

Кармело Ецпелета ја коментираше трката во Аргентина

Извршниот директор на DORNA, Кармело Ецпелета ги коментираше настаните кои се случија за време на MotoGP трката во Аргентина. Стартот на трката најпрво беше одложен поради променливото време, а потоа имаше и навистина чудна ситуација на стартот.

Следете нè на:

 

„MotoGP трката како и останатите трки се оддржаа во променливи временски услови. Moto2 се оддржа на суви услови додека пак Moto3 на влажни услови.“

Џек Милер беше единствениот возач кој навреме ги промени пневматиците и остана на патеката додека пак останатите 23 возачи заминаа во гаражите за да ги променат пневматиците.

motogp argentinian gp 2018 carmelo ezpeleta ceo dorna sports alberto puig repsol honda tea

Стартот беше одложен, а откако возачите се вратија мораа да стартуваат од позиција подалеку од стартната. Во меѓувреме, Милер остана во првиот ред додека пак останатите возачи беа седум редови зад него.

Ецпелета вели дека ваквата промена била воведена веднаш по трката во Захсенринг во 2014 година кога голем број од возачите стартуваа од пит-от.

„Ја донесовме оваа одлука и ја соопштивме на останаттие тимови. Таа беше донесена со цел поголема безбедност и сметаме дека тоа е правилна одлука.“

Ецпелета не сакаше директно да ги коментира случувањата на трката на која Марк Маркез доби дури три казни, но сепак додаде: „Ситуацијата беше многу тешка поради временските услови. Имаше еден сув дел на патеката. А она што се случи на патека го видоа сите на телевизиските екрани.“

Сепак, тој се дистанцираше и од одлуката на стјуардите. „Од пред две години DORNA не е одговорна за стјуардите. Нив ги номинира FIM и IRTA. Тие ја донесоа одлуката и јас нема да ја коментирам.“

„Но во секој случај, на следната средба на Гран При комисијата со возачите која ќе се случи во Остин ќе разговараме за оваа ситуација и сигурно ќе донесеме некакви заклучоци.“

Би можело да ве интересира

Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Мото Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

Викендов на патеката Серез во Грција ќе започне македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Ова решение би можело да промени многу од проблемите со кои се соочуваат електричните превозни средства.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!