24
Саб, Јун
MotoGP

Карел Абрахам дебитираше со KTM

„Мотоциклот веќе е добар и искрено не очекував дека ќе биде на ова ниво“- Карел Абрахам

Следете нè на:

 

Поранешниот MotoGP возач Карел Абрахам, го имаше својот деби настап со мотоциклот на KTM за време на последниот тест во Мизано.

Чешкиот возач кој сега се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат, од вторникот до четвртокот возеше заедно со Мика Калио.

abraham ktm misanoКарел Абрахам тестираше за КТМ

„Мотоциклот веќе е добар и искрено не очекував дека ќе биде на ова ниво. Моторот е силен и електрониката функционира беспрекорно. Овие три дена беа одлично искуство за мене и навистина уживав. Со нетрпение ги очекувам следните тестови,“ изјави Абрахам.

Овој тест му овозможи на тимот на KTM да надомести за времето кое го загуби на претходниот тест во Брно.

„Конечно успеавме да го продолжиме тестот што го почнавме минатата недела во Брно,“ изјави Себастијан Рисе, техничкиот директор на KTM. „Од една страна фокусот беше на електрониката, особено како таа реагира на останатите делови од мотоциклот, а од друга страна работевме на шасијата и на суспензијата. Испробавме и неколку работи во однос на карактеристиките на моторот и откривме многу интересни работи“.

„Исто така, за прв пат тестиравме и со пневматици кои се многу слични со оние кои моментално се користат во MotoGP.“

KTM ќе ја искористи четири неделната пауза до својот следен тест за да ги провери податоците кои ги собра. Тие исто така и ќе се преселат во новиот објект во Мундерфинг, Австрија.

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!