Ники Хејден учествуваше на 216 трки за време на неговата кариера исполнета со успеси. Претежно возеше Honda или Ducati прототип мотоцикли на кои имаше Brembo карбон-карбон предни сопирачки. Во MotoGP челични сопирачки се употребуваат само на влажни услови. Следната сезона, во Светскиот Супербајк Шампионат, за прв пат по повеќе од една деценија поранешниот шампион ќе се натпреварува во сите услови, влажно и суво, со метални дискови. Шампионатот ги забрани карбон-карбон сопирачките пред дваесет години, а оние што имаат метални делови пред три години.

Кога го прашав Хејден за Nissin системот на Honda CBR1000RR кој прв пат го тестираше минатиот ноември, неговиот одговор беше: Челичните сопирачки напреднаа многу.

Повеќето MotoGP и WSBK тимови користат Brembo сопирачки, но според Хејден, Nissin го напаѓа италијанскиот џин. Repsol Honda MotoGP ги тестираше Nissin сопирачките во Херез, изјави тој, а Nisin го финансираше тест возачот кој возеше на Мотеги. Honda му должи на Nissin и тие дефинитивно сакаат да се вратат на ова ниво.

Aspar Honda MotoGP мотоциклот кој Хејден го возеше во минатите две сезони беше опремен со Nissin сопирачки но тимот премина на Brembo. Хејден досeга два пати го тестираше CBR1000RR кој е опремен со Nissin сопирачки. Во Арагон и во Херез.

nicky hayden sachsenring motogp 2015

Кога прв пат ќе ги притиснеш, челичните сопирачки се навистина агресивни. Првото сопирање е навистина силно, понекогаш дури и посилно од карбонските сопирачки, изјави Хејден.  Карбонските сопирачки имаат поголемо чувство. Можеш полесно да ги модулираш. На крајот на зоната за сопирање, челикот е повеќе исклучен или уклучен.

Но на спротивната страна, карбонот нема да работи без топлина. Во 1992 година, на барање на инжињерот Ерв Канемото, поранешниот светски шампион Вејн Гарднер возеше со сопирачки кои беа направени од комбинација на челик и карбон.  Слична комбинација беше пробана на влажни услови во MotoGP пред две години. Карбонот навистина треба да се загрее. Тоа зависи од патеката, условите и големината на дисковите, изјави Хејден. Вообичаено можеш да ги притискаш сопирачките до крајот и тогаш ќе има само 90% топлина во дисковите.


За разлика од јавното мислење, Ники Хејден потврди дека се потпира и на задната кочница, нарекувајќи ја „клучна за моето возење, сите клубски колеги кои сум ги имал, а биле брзи возачи, исто така ја користат задната кочница. Кога знаете како да ја користите може многу да ви помогне“. 

„Задната кочница која ја имав од Аспар тимот за мојата Хонда не ми беше омилена, тимот не можеше да си дозволи вентилирачки диск па користевме обичен кај кој силата за кочење не беше доволна. Исто така тимот мораше да смисли начин како да го спречи прегревањето на дисковите и плочките за кочење.“


За време на некои утрински тести сесии и на некои специфични патеки, Хејден преферира поголеми, 340mm, дискови. На патека каква што е Филип Ајленд во Австралија, патеки кои можат да бидат навистина ладни и каде што нема многу сопирање, понекогаш е тешко да ја задржиш топлината во поголемите дискови во првите неколку круга, изјави Хејден.

„Кога возев за Honda, ако имаше некакви проблеми со сопирачките, тие едноставно ги фрлаа дисковите и ставаа нови. Во Aspar го немавме тој луксуз. Излижаните дискови беа враќани во Brembo да се обноват. Понекогаш ќе вежбаме со стари дискови во петок, а во сабота стававме нови дискови. Прекривки за 340mm дискови не беа во нашиот Буџет, изјави Хејден.  Имаше два пати кога сакав да ги користам тие дискови но немав прекривка па затоа користев 320mm дискови. Тие мали работи прават голема разлика.“

t3 hayden gb36069 drsx90r2jpr49d4

Хејден не верува дека овие мотоцикли ќе имаат голема корист од карбон-карбон дисковите.  „Не сопираш толку длабоко во свиокот со преден пневматик од Пирели. Карбонот повеќе ќе ја оптовари гумата. Големите гуми на Bridgestone подобро реагираат на зголемен товар.“

„Единствената разлика каде забележав промена е на вториот свиок во Херез, изјави Хејден. На тој свиок ако прекасно ја притиснеш сопирачката, тогаш буквално нема да можеш да запреш. Кога ти треба такво нешто, карбонот дефинитивно е подобар.“

„Спротивно сценарио? Ако ставиш челични сопирачки на MotoGP мотоцикл, како што направивме ние на дожд, сопирањето ќе биде подолго.  Тоа ќе ви помогне во трката. Материјалот на дискот е само една компонента од целата равенка“, изјави Хејден.

Тој на пример, кочи само со два прста и сака цврста рачка.  „Не сакам рачката да ми ги допира останатите прсти“, изјави Хејден.

„Конечна одлука? На неодамнешните тестови, челичните Nissin сопирачки беа солидни. Рачката беше многу конзистентна. Имав една симулација во Херез и ниту еднаш не ја прилагодив рачката. Тоа беше навистина импресивно“, изјави тој

Back To Top