01
Сре, Мар
MotoGP

Кал Кратчлоу дојде до втората победа во сезоната

Возачот на LCR Honda успеа да го искористи падот на новиот светски шампион Марк Маркез и ја оствари својата втора победа во премиерната класа.

Следете нè на:

 

Кал Кратчлоу стана првиот Британски возач кој успеал да победи на Австралиската Гран При трка откако оствари доминантна победа на Филип Ајленд.

Возачот на LCR Honda немаше никакви проблеми откако лидерот на трката Марк Маркез излета надвор од патеката на свиокот Honda. До крајот на трката, Кратчлоу немаше ниту една грешка и успеа да ја оствари својата втора победа во премиерната класа.

PA2056584.0008Втора победа за Крачлоу во сезоната

Кратчлоу, кој својата прва победа во MotoGP ја постигна за време на трката во Брно оваа сезона, успеа да се одвои од возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, и на крајот заврши со предност од 4 секунди.

Роси, кој стартуваше од петнаесетото место, извозе одлична трка и успеа да ја зголеми предноста на 24 поени пред тимскиот колега Хорхе Лоренцо.

На третото место се најде возачот на Suzuki, Маверик Вињалес. Ова за Suzuki беше прво искачување на подиумот на оваа трка по 2006 година. Вињалес исто така мораше да се избори за да стигне до подиумот откако трката ја стартуваше од тринаесетото место.

Андреа Довициозо, Пол Еспаргаро и Хорхе Лоренцо ги комплетираа првите шест места.

Американскиот возач Ники Хејдн, кој се врати во тимот на Honda за оваа трка, имаше контакт со Австралиецот Џек Милер и излета од патеката.

Несреќен крај имаше и Хектор Барбера кој повторно излета од патеката. Барбера, втора трка по ред, беше замена за повредениот Андреа Јанон.

Алекс Еспаргаро исто така излета од патеката по борбата што ја имаше со Вињалес за последното место на подиумот.

На почетокот на трката, Пол Еспаргаро успеа за кратко да избие на првото место но набрзо беше престигнат од Маркез кој за кратко време успеа да направи разлика со останатите возачи.

Кратчлоу се бореше со Еспаргаро за второто место и откако успеа да го претекне, ја започна потерата по Маркез. Новиот светски шампион излета во деветиот круг и Кратчлоу успеа да се најде на првото место.

PA2056577.0008Маркез: „За падот сум виновен само јас“

Откако стартуваше од петиот ред, Роси мораше да помине неколку возачи за да се најде на второто место. Деветкратниот светски шампион се обиде да го стигне Кратчлоу, но тоа се покажа како неуспешно бидејќи лидерот на трката постојано ја зголемуваше својата предност.

Најголемиот проблем за Кратчлоу до крајот на трката беше да не ја прегрее предната гума.

Вињалес се приклучи Алекс Еспаргаро и Довициозо во борбата за третото место. Младиот шпанец постојано притискаше, а Еспаргаро излета на четвртиот свиок.

Довициозо заврши на четвртото место, а веднаш по него се најдоа Пол Еспаргаро и Хорхе Лоренцо.

Возачот на Pramac Ducati, Скот Рединг, се најде на седмото место а веднаш зад него беше Бредли Смит од Monster Tech 3 Yamaha.

Џек Милер исто така беше дел од борбата за седмото место и на крајот успеа да се пласира меѓу првите десет возачи. Австралиецот беше дел од мал инцидент со возачот на Repsol Honda, Ники Хејдн.

Возачите на Aprilia, Штефан Бредл и Алваро Баутиста, се најдоа на единаесетото и дванаесетото место, а двоецот на Aspar Ducati, Јони Фернандез и Јуџин Лаверти, заедно со возачот на Avintia Ducati, Мајк Џонс, ги освоија последните места кои носат поени.

comments

Би можело да ве интересира

Додека работите се одвиваа добро за Маверик Вињалес на тестот кој се оддржа на Филип Ајленд, ситуацијата не беше иста и за неговиот тимски колега Валентино Роси. Тој имаше тешко три дневно тестирање на патеката на која вообичаено е одличен.

Марко Меландри беше задоволен од својот настап на Филип Ајленд откако успеа да се искачи на подиумот за прв пат откако се врати во Светскиот Супербајк Шампионат.

Скај Мото, компанијата која до сега беше позната по продажбата на гуми за мотоцикли, ја зголемува понудата со делови и опрема за мотоцикли од реномирани брендови.

Во продолжение следува листата со цени на нови мотоцикли кои се во продажба во Македонија.

Со природна и релаксирана ергономија која нуди голем избор на различни позиции за возење, новиот Yamaha MT-10 е разновиден мотоцикл кој истовремено е агилен и многу моќен. MT-10 е одличен мотоцикл кој може да се прилагоди на сите ваши потреби.

По неколку месечна потрага по соодветен модел, Герет случајно налета на Kawasaki Z440 и ја започна работата која траеше вкупно седум години.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!