MotoGP

Како ќе влијае Формула 1 календарот на нас?

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Следете нè на:

 

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Новиот шеф на Формула 1, Рос Браун, неодамна призна дека е подготвен да го обнови џентлменскиот договор со Dorna, кој обезбедуваше мал број на конфликти во минатото.

f1 motogp

Сепак, откако Формула 1 и MotoGP го зголемија бројот на трки за следната сезона, 21 односно 19, една промена која би можела да се случи е MotoGP следната сезона да започне малку порано, односно трката во Катар да се оддржи една недела пред стартот на Формула 1 шампионатот наместо истиот викенд кога се оддржува и Австралиската Гран При трка.

После тоа календарот останува речиси непроменет се до јуни. Но трите последнователни трки во Европа, односно трките во Австрија, Франција и Велика Британија, веројатно би значело дека нема да го има истиот блок трки во MotoGP, односно трките во Муџело и Каталуња, а исто така и трките во Асен и Захсенринг би добиле некој поинаков термин.

Другата голема промена во MotoGP календарот веројатно би дошла некаде кон крајот на сезоната бидејќи речиси сигурно е и дека патеката во Тајланд ќе се најде на календарот. Со тоа бројот на трки во Азија би се зголемил, а после трката во Тајланд би следувале трките во Јапонија, Австралија и Малезија пред серијата да се врати на Европско тло за последната трка од шампионатот во Валенсија.

Минатогодишниот MotoGP календар не беше објавен се до септемви. Но бидејќи во минатото датумите се објавуваа за време на трката во Брно некаде на почетокот на август, такво нешто би можеле да очекуваме и оваа година.

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!