20
Сре, Сеп
MotoGP

Кацујуки Накасуга со вајлд карта ќе настапи за Јамаха во Мотеги

Тимот на Yamaha продолжува да дели награди по неодамнешната победа на трката „Suzuka 8-Hours.“ Алекс Ловс доби можност да настапи на Monster Yamaha Tech 3 MotoGP мотоциклот на неодамнешната Гран При трка која се оддржа во Велика Британија, а исто така ќе настапи и на трката која ќе се оддржи овој викенд во Сан Марино.

Следете нè на:

 

Тимот на Yamaha продолжува да дели награди по неодамнешната победа на трката „Suzuka 8-Hours.“ Алекс Ловс доби можност да настапи на Monster Yamaha Tech 3 MotoGP мотоциклот на неодамнешната Гран При трка која се оддржа во Велика Британија, а исто така ќе настапи и на трката која ќе се оддржи овој викенд во Сан Марино.

Katsuyuki Nakasuga Valencia MotoGP Yamaha Racing

Следен добитник на подарок од тимот на Yamaha ќе биде тест возачот Кацујуки Накасуга, кој ќе има можност да настапи пред домашната публика на Јапонската Гран При трка која ќе се оддржи во Мотеги. Ова ќе биде петти пат како Накасуга настапува на оваа трка.

Тој досега неколкупати веќе ги заменуваше возачите на фабричкиот тим на Yamaha а во 2012 година, на трката во Валенсија,  успеа и да се искачи на подиумот. Накасуга тогаш настапи како замена за Бен Спајс.

Јапонскиот возач беше дел од тимот кој и донесе две победи на Yamaha на трката „Suzuka 8-Hours “, нешто што е од особена важност за Јапонскиот производител.  Веруваме дека ќе има одличен прием како од Јапонската публика така и од останатите возачи.

„Минатата сезона го подобрив мојот најдобар резултат на трката во Јапонија и успеав да докажам дека има голем напредок кај мене и кај YZR-M1. Оваа година повторно ќе настапам со M1. На ова гледам како шанса да покажам што знам и да ги тестирам моите вештини против најдобрите светски возачи. Минатата сезона имав борба против моите колеги од трката „ Suzuka 8-Hours,“ Пол Еспаргаро и Бредли Смит.  Оваа година имам за цел да бидам во позиција повторно да се борам против нив.  Дојдете и дадете ни ја вашата поддршка на трката,“ изјави Накасуга.

 

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!