И покрај тоа што имаше две операции на рамото за само две недели, MotoGP шампионот Хорхе Лоренцо сепак ќе се натпреварува на трката во Лагуна Сека која ќе се одржи овој викенд.
И покрај тоа што имаше две операции на рамото за само две недели, MotoGP шампионот Хорхе Лоренцо сепак ќе се натпреварува на трката во Лагуна Сека која ќе се одржи овој викенд.
Лоренцо ја скрши левата клучна коска во Асен, но сепак возеше на трката и на крајот се најде на петото место. Тоа постигнување го опиша како „подобро од било која победа во кариерата.”
Но Шпанецот повторно ја оштети титаниумската плоча која му беше вметната по падот кој го доживеа на патеката во Германија и мораше да замине на уште една операција.
Лоренцо првично изјави дека нема да се врати на патеката се до трката во Индијанаполис, но сепак на крајот го смени своето мислење.
Бидејќи и Дани Педроса ја пропушти трката во Германија поради повреда, Лоренцо сеуште може да се бори за шампионската титула. Во моментов тој заостанува 11 поени од лидерот Марк Маркез.
„По последната медицинска проверка и разговорот со д-р Родригез, одлучивме да возам во Лагуна Сека,” изјави Лоренцо.
„На почетокот размислував дека можеби би било подобро да одморам малку за подобро да заздравам, но во последниве два дена се чувствувам подобро и сакам да бидам таму. Ќе се обидам да не ризикувам премногу.”
„Би сакал да им заблагодарам на сите за подршката што ја добив досега и би сакал да им се заблагодарам на докторите кои се грижеа за мене.”
Педроса, кој има само два поена помалку од лидерот Маркез, исто така ќе вози овој викенд. Тој имаше мала фрактура на левата клучна коска, но нискиот крвен ритисок и вртоглавицата беа главната причина поради која ја пропушти трката.
Првиот тренинг се вози попладне во 19.25, а вториот во 23.05. Утре на програмата е третиот тренинг со почеток во 19.25, четвртиот со почеток во 22.30, за потоа да започнат првите квалификации во 23.10 и вторите во 23.35
Летната пауза ќе започне веднаш по трката во недела. Лоренцо и Педроса ќе имаат време до 16ти август за целосно да се опорават.