На денешната презентација во Валенсија, Хонда го претстави новиот модел Honda RCV1000R со кој од 2014 ќе се натпреварува во „отворената“ класа на МотоГП.

01 rcv1000r

RCV1000R се базира на шасија од RC213V (актуелниот МотоГП мотор на Хонда), а како агрегат ќе носи V4 мотор поставен под агол од 90º кој ќе развива 235кс при 16.000 вртежи во минута.

На денешната презентација во Валенсија, Хонда го претстави новиот модел Honda RCV1000R со кој од 2014 ќе се натпреварува во „отворената“ класа на МотоГП. Се работи за класа која ќе ја замени сегашната „CRT“, а во која ќе се користат прототипи кои ќе бидат опремени со Magneti Marelli хардвер и софтвер, 24 литарски резервоар и лимит од 12 мотори по сезона. Целта на новата машина е на тимовите да им се овозможи учество во МотоГП со разумен буџет, а Хонда новиот модел ќе им го продава на тимовите наместо да им го изнајмува.

 1gg9476

На презентацијата присуствуваа извршниот директор на Хонда како и главниот за проектот, Томонори Сато кој ја изврши презентацијата на моделот. RCV1000R се базира на шасија од RC213V (актуелниот МотоГП мотор на Хонда), а како агрегат ќе носи V4 мотор поставен под агол од 90º кој ќе развива 235кс при 16.000 вртежи во минута. Моторот ќе биде испорачуван со Охлинс суспензија и Нисин кочници.

Новиот мотор следната година ќе има прилика да го вози и Ники Хејден кој потпиша договор со тимот Аспар, потоа тука е Скот Рединг како и Карел Абрахам. Кејси Стонер веќе го тестираше новиот мотор, и даде позитивни оценки за него, а возачите ќе имаат прилика да го пробаат на тродневниот тест на патеката Валенсија кој започнува во понеделник, веднаш по крајот на последната МотоГП трка во сезоната.

 2gg6777

Back To Top