MotoGP

GP комисијата ќе го намали бројот на тестови во MotoGP

Бројот на претсезонските тестови во 2019 година ќе биде ограничен и ќе се оддржат само во Сепанг и во Катар пред започнувањето на сезоната.

Следете нè на:

 

Почнувајќи од следната сезона, тестовите во MotoGP ќе бидат значително ограничени. На состанокот кој се оддржа во Мотеги, а на кој присуствуваа тимовите, фабриките, FIM, Dorna и телото на MotoGP кое ги носи одлуките беше договорен лимит на бројот на тестови кои ќе можат да се направат следната сезона како и во 2019 година.

Во 2018 година, тестовите ќе бидат слични, дво-дневен тест во Валенсија веднаш по завршувањето на трката, потоа три дневен тест во Сепанг и Катар пред самиот старт на MotoGP сезоната. Еднодневен тест ќе има по завршувањето на трите трки кои се возат во Европа.

Casey Stoner Ducati Corse Sepang Test MotoGP

Бројот на претсезонските тестови во 2019 година ќе биде ограничен и ќе се оддржат само во Сепанг и во Катар пред започнувањето на сезоната.

Тимовите се уште ќе имаат пет дена наменети за приватни тестови но во обид да се смени целта на тестовите, од подготовка за трка во вистински развој на мотоциклот, пред самото оддржување на некоја трка ќе бидат дозволени помал број на тестови.

Во 2018 година на тимовите ќе им биде дозволено да искористат само три од петте дена пред почетокот на трката, а останатите два дена ќе можат да ги искористат по завршувањето на трката. Во 2019 година, тимовите во ноември, по завршувањето на последната трка, ќе мораат да искористат два од приватните денови за тестирање. Останатите три дена ќе можат да ги искористат во било кој период од годината.

Целта на ваквите промени е да се намали предноста на фабричките тимови кога се подготвуваат за трките. Приватните тимови многу често немаат доволно финансии да ги користат сите пет дена за разлика од фабричките тимови кои таквите подготовки ги користат со цел што е можно подобро да го прилагодат мотоциклот. Има голем број на примери кои го потврдуваат ова: Ducati во Барселона и Мисано, Honda во Брно и Мисано.

Тимовите пак кои не успеаа да се искачат на подиумот во 2017 година ќе го задржат правото на неограничено тестирање.

Комисијата исто така го ограничи и бројот на вајлдкарти за возачите. Почнувајќи од сезоната 2018, тимовите ќе имаат само три такви опции во текот на целата сезона, а за тимовите со концесија ќе бидат ограничени на шест такви карти. Во превод ова значи дека Микеле Пиро ќе може да настапи само три пати во текот на целата сезона за тимот на Ducati додека пак Мика Калио ќе може да настапи на шест трки.

А како што веќе беше и договорено, од 2018 година воздушните перничиња ќе бидат задолжителни за сите возачи.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!