18
Пет, Авг
MotoGP

[галерија] Yamaha го претстави својот тим за 2017 година

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Следете нè на:

 

Иако беше најавен како настан на кој Yamaha ќе го претстави својот MotoGP тим за сезоната 2017, на крајот целиот настан изгледаше како лошо смислена реклама за главниот спонзор на тимот, Telefonica.

2017 Movistar Yamaha MotoGP Team Launch Valentino Rossi Maverick Vinales 01Роси и Вињалес во новите бои за 2017

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Секако, мотоциклот кој беше прикажан тука ќе биде различен од оној кој ќе го гледаме на патеките бидејќи Yamaha се уште разгледува различни аеродинамични пакети кои ќе ги употребува.

Иако очекувавме повеќе технички промени на мотоциклот, сепак присуството на Вињалес сигурно ќе ги помести работите. Шпанецот веќе покажат дека многу лесно се навикнува на YZR-M1 и тоа може да предизвика проблеми во гаражата на Yamaha.

Да бидеме искрени и Валентино Роси изгледа како да се наоѓа во животна форма.

Доколку ги собереме сите овие работи, можеме да заклучиме дека пред нас е една интересна MotoGP сезона.

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!