motori PA1179872Лоренцо ја загуби предноста од 25 бодови во генералниот пласман пред Стонер заради непромислениот потег на Алваро Баутиста заради кој трката за Лоренцо заврши во првиот свиок на Асен.

bautista-lorenzo

Лоренцо ја загуби предноста од 25 бодови во генералниот пласман пред Стонер заради непромислениот потег на Алваро Баутиста заради кој трката за Лоренцо заврши во првиот свиок на Асен.

Баутиста се извини за својот потег, но Лоренцо не можеше да го скрие незадоволството: „Трката беше катастрофа, потегот на Баутиста беше луд! Се видов со него по трката, тој ми се извини и ние се подадовме рака, но сепак мислам дека тоа не е оправдување за она што се случи. За споредба во 2005 година кога јас направив слична грешка бев казнет со цела трка, казната за Баутиста е старт од последната позиција и мислам дека тоа не е доволно.“

За оние кои ја пропуштија возбудливата трка на Асен, еве како изгледаше падот на Баутиста и Лоренцо

Back To Top