По повод освојувањето на втората шампионска МотоГП титула на Марк Маркез, подготвивме галерија во која може да се видат почетоците на малиот Маркез кој прерасна во вистински МотоГП шампион.

marc-marquez-2003-2014-career

По повод освојувањето на втората шампионска МотоГП титула на Марк Маркез, подготвивме галерија во која може да се видат почетоците на малиот Маркез кој прерасна во вистински МотоГП шампион.

Марк Маркез е роден на 17 февруари 1993 година, иако има само 21 година тој минатата недела ја завери втората титула во најсилното светско натпреварување - МотоГП. Шпанскиот возач е еден од вкупно четворица МотоГП возачи кои зад себе имаат титули во сите три класи (125цц, Мото2 и МотоГП). Маркез веќе собори многу рекорди во МотоГП, тој е првиот возач по Кени Робертс во 1978 што ја освои титулата во својата дебитантска сезона, притоа стана и нај младиот возач на кој му успеало тоа.

Во чест на Марк Маркез и неговата втора титула, во продолжение галерија со ретки слики од неговото детство па до денешен ден, само уште еден доказ дека неговиот успех не е случаен и не е „преку ноќ“

 

Back To Top