MotoGP

Еспаргаро го изедначи најдобриот резултат на Aprilia

„Ова е еден од подобрите денови во мојата кариера, а завршив на шестото место. Но оваа година имам многу проблеми“ – Алеш Еспаргаро

Следете нè на:

 

Еден ден откако посака сезоната 2018 да заврши што е можно побрзо, Алеш Еспаргаро го прослави еден од подобрите денови во својата кариера откако го изедначи најдобриот MotoGP резултат на Aprilia.

Мизеријата на Еспаргаро во саботата беше предизвикана од уште една повреда на неговиот помлад брат, Пол, но и лошиот настап на квалификациите каде што заврши на петнаесетото место.

После казните на Маверик Вињалес и Франко Морбидели, тој се искачи на триенаесетото место, а по одличниот старт на трката се најде на шестото место. Оваа позиција Еспаргаро ја задржа до крајот на трката.

aleix espergaro msanmarino

„Навистина сум среќен. Искрено, ова беше еден од подобрите денови во мојата кариера иако завршив на шестото место. Оваа година имам проблеми и навистина е тешко постојано да бидете среќни, да останете мотивирани,“ вели Еспаргаро.

„Ова е една од моите омилени патеки, а клучот за добар настап е во првите неколку круга. Имав одличен старт и во првите пет круга бев навистина добар. Потоа го следев Педроса во поголемиот дел од трката. Се надевам дека ќе го повторам истото и на следните трки.“

Еспаргаро исто така му се заблагодари и на новиот шеф на тимот, Пиетро Капрара за добриот старт на трката.

„Пиетро е од голема помош бидејќи е млад, нов во тимот, ме подржува и верува во мене. Исто така за време на тестот во Мисано променивме неколку работи во однос на балансот на мотоциклот. Во првиот дел од трката бев многу агресивен и тоа се должи на промените кои ги направивме.“

Еспаргаро по завршување на трката заостануваше 9.396 секунди зад победникот Маркез. А со оглед на тоа дека досега не успеа да се искачи погоре од деветата позиција, тој е задоволен од резултатот кој го постигна во неделата.

„Резултатот кој го постигнав оваа година за мене е подобар од минатогодишниот. Минатата година бев компетитивен, многупати се најдов меѓу најдобрите десет возачи. Но оваа година работите едноставно не функционираат. Мотоциклот не е компетитивен и тешко е да дојдеме до место кое носи поени.“

„Затоа не сум задоволен само поради шестото место туку и поради тоа што поголем дел од трката бев дел од групата која се бори за подиумот. Во вториот дел од трката бев само за две или три десетинки побавен од Педроса.“

„Поради ова сум задоволен. Возиме на самиот лимит и не правиме грешки. Затоа сум среќен со мојот настап.“

И покрај тоа што признава дека бил разочаран откако му било одбиено барањето да настапи со мотоцикл кој има спецификации за 2017 година, Шпанецот ја заврши трката со 13 секунди подобро време во споредба со минатата година. Сепак, признава дека за следната година се потребни поголеми промени.

„Мислам дека луѓето околу мене се доволно паметни за да забележат на кое ниво е нашиот мотоцикл. Многу возачи настапиле со овој мотоцикл во минатото, а и сами можете да ги видите резултатите.“

„Јас сум единствениот кој успеал да биде компетитивен и покрај тоа што имав големи проблеми. Нашите инжинери точно знаат што треба да променат кај мотоциклот за 2019 година. Но без оглед на се, јас ќе дадам 100 проценти. За време на тестот во Мисано притиснав уште од самиот почеток, имав добра брзина и го дадов максимумот. Сепак завршив на четиринаесетото место. Овде го повторив истото но на оваа патека сум навистина добар и завршив како шести.“

„Минатата година завршив на шестото место и на правецот можев да се натпреварувам со останатите возачи. Во неделата неколкупати го претекнав Педроса но на правец тој беше далеку побрз од мене. Беше многу тешко. Загубив многу време на правците и ја уништив предната гума. Мислев дека нема да издржи до крајот на трката бидејќи премногу ризикував во секој круг.“

За разлика од неговиот тимски колега, Скот Рединг, кој заврши на шеснаесетото место и не успеа да освои поени, резултатот кој го постигна Еспаргаро и овозможи на Aprilia да се доближи на само пет поени од КТМ во шампионатот на конструктори.

rins misano

Suzuki исто така славеше во неделата постигнувајќи го својот најдобар резултат оваа сезона благодарение на третото и четвртото место кое го освоија Андреа Ианоне и Алекс Ринс.

Дали Еспаргаро смета дека GSX-RR, со кој возеше во 2015 и 2016 година, преферира слични патеки како и RS-GP?

„Suzuki е компетитивен на различни површини“ , одговори тој. „Мислам дека во моментов тие се многу посилни од нас. Сметам дека Aprilia е многу слична на Yamaha. Имаме проблеми на исти места.“

„Исто така, за време на состаноците со Романо Албесиано, гледајќи ги другите мотоцикли дојдовме до заклучок дека тој е многу поблизок со Yamaha отколку со Suzuki. Сепак, тешко е тие да се споредат.“

„Ианоне и Ринс беа многу силни во првиот дел од трката и многу лесно им се доближија на Марк и Довициозо. Но, понекогаш и Suzuki е многу сличен на на нас пред се во однос на изборот на пневматици.“

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.