Местото на подиумот кое го освои Маверик Вињалес на трката која се оддржа во Велика Британија беше резултат на големите подобрувања на електрониката кои ги претрпе неговиот мотоцикл за време на минатонеделниот тест кој се оддржа во Мисано

Местото на подиумот кое го освои Маверик Вињалес на трката која се оддржа во Велика Британија беше резултат на големите подобрувања на електрониката кои ги претрпе неговиот мотоцикл за време на минатонеделниот тест кој се оддржа во Мисано, изјави Шпанецот веднаш по завршувањето на трката. Вињалес во поголемиот дел од трката се наоѓаше во горниот дел од групата возачи. Кон крајот на трката тој успеа да го претекне тимскиот колега Валентино Роси и на крајот да го освои второто место, што претставува негов најдобар резултат во изминативе шест трки. За Вињалес, оваа трка би можела да биде одлучувачка во неговата борба за титулата.

vinales elektronika

„Беше многу тешко но мислам дека добро поминавме на трката. Особено со електрониката, бевме навистина силни во тој дел. Мислам дека завршивме добра работа. Овој пат беме навистина брзи во последните неколку круга. И во следните неколку трки ќе се обидеме да бидеме компетитивни. Знам дека во последните кругови мојот мотоцикл беше навистина добар па затоа само се обидував да го оддржувам темпото и концентрацијата, а и да ги зачувам пневматиците за самиот крај на трката. Секако, и на почетокот можев да извозам добри кругови но така ќе ги оштетев пневматиците. Затоа се одлучив на поинаков пристап, да бидам побавен на почетокот и да притиснам кон крајот на трката.“

Тој беше толку задоволен од конечниот резултат на трката што на крајот не беше воопшто разочаран од фактот дека не успеа да му се приближи доволно на победникот Андреа Довициозо.

„Се приближував до Довициозо и дадов се од себе. Во последниот круг го имав постигнато моето најдобро време на трката. Но искрено, денеска, второто место беше најдоброто нешто што можевме да го постигнеме. Мораме да бидеме среќни што се движиме во вистинскиот правец.“

Back To Top