MotoGP

Двајца возачи, една титула: Валенсија го очекува финалето

После 17 тркачки викенди и илјадници кругови, на крајот останаа двајца возачи кои ќе се борат за титулата: Актуелниот шамион, Марк Маркез кој во моментов има предност од 21 бод и Андреа Довициозо, единствениот возач кој стои помеѓу Маркез и неговата шеста светска титула.

Следете нè на:

 

Патот на Маркез до финалето започна со не толку добар настап на првата трка во сезоната. Веднаш после тоа следуваше пад во Аргентина. Но Шпанецот повторно се врати на врвот на трката во Остин, а бројот 93 беше на подиумот и на трката која се возеше во Херез. Но тогаш судбината повторно си поигра со него. Следуваше пад во Ле Ман и навистина тешка трка во Муџело. Но тоа како да го налути Маркез и следуваа пет места на подиумот по ред, вклучувајќи ги победите едноподруго во Заксенринг и Брно. Силверстоун беше крајот на низата добри резултати откако поради механички проблеми мораше предвреме да ја заврши трката. Но победите во Мисано и Агарон повторно го вратија на врвот. Одличниот настап на Филип Ајленд му овозможи за време на трката во Сепанг да се обиде да стигне до својата шестта титула. Но Довициозо не се откажа и успеа да го спречи во тоа.

q.big

Италијанецот, за разлика од Маркез, сезоната ја стартуваше со место на подиумот. Во Аргентина несреќно ја заврши трката откако поради грешка на друг возач излета надвор од патеката. Во следните неколку трки имаше солиден настап пред да дојде трката во Муџело каде што ја оствари првата победа оваа сезона. Со ова Италијанецот го зациментира својот статус како можен шампион. До победата стигна и на следната трка која се возеше во Каталуња. Две победи по ред успеа да постигне и на трките кои се возеа во Силверстоун и Ред Бул Ринг. Многу малку возачи успеале да го победат Маркез во последниот свиок од трката, а Довициозо стана еден од нив. Подоцна во  текот на сезоната, тоа се случи уште еднаш. Двајацата возачи имаа спектакуларен дуел во Мотеги, овој пат на дожд.

Низ историјата имало само тројца возачи на кои им успеало да ја надминат разликата во последната трка од шампионатот. Последен таков случај беше во 2015 година, кога шампион успеа да стане тимскиот колега на Довициозо, Хорхе Лоренцо, а Вејн Хенеси беше првиот возач на кој му успеа тој потфат во 1992 година. Ники Хејдн исто така е еден од возачите кои во последната трка од сезоната успеале да станат шампиони. Но Довициозо мора да победи за да има шанси за титулата. Заврши периодот кога Ducati беа на дното, а долгата и напорна работа им овозможи повторно да се искачат при самиот врв. Но шанса за победа на трката во Валенсија имаат и други возачи. Хорхе Лоренцо и Дани Персоса досега имаат постигнато добри резултати на оваа патека исто како и Маверик Вињалес. Но тука завршува кругот на фаворити. За Валентино Роси оваа патека се покажа како потешка но тој не смее никогаш предвреме да се отпише. Јохан Зарко, кој оваа сеозона потврди дека се работи за квалитетен возач, сигурно повторно планира добар настап.

Но за Маркез и Довицизо, ова нема да биде само една обична трка. Стартот на последната трка од овогодинешната сезона е закажан за недела во 14 часот.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!