„Минатата година кога се појавивме со нив сите ни се смееја... Сега речиси сите ги користат“

Ducati не очекува дека MotoGP ќе ја забрани употребата на аеро динамичните „крилца“.

Италијанската компанија ја претстави најновата генерација од оваа технологија пред една година во Катар. Во текот на сезоната, тие неколкупати беа менувани. Yamaha ја претстави својата верзија во септември, а Honda исто така експериментираше со нив во текот на претсезонските тестирања.

Сепак, некои возачи искажаа загриженост поради можноста од повреда како и поради турбуленцијата што ја предизвикува за останатите возачи.

Поради тоа, постојат гласини дека крилцата ќе бидат забранети на крајот на сезоната.

PA1857239.0008

„Не, не верувам,“ изјави спортскиот директор на Ducati Corse, Паоло Чиабати, пред да биде објавено дека тие ќе бидат забранети во Moto2 и Moto3 класите.

„Минатата сезона кога дојдовме тука, сите ни се смееја. На половина од сезоната, дел и од останатите тимови почнаа да ги користат. Сега речиси сите ги користат.“

„Мислам дека Ducati е првиот тим на кој му стана јасно дека е добро да се работи малку повеќе на аеродинамиката. Очигледно, некои возачи можеби ќе се жалат, но сите производители ќе ги имаат на крајот. Мислам дека тоа е еволуцијата на спортот и Ducati е пионер во овој дел, само тоа можам да го кажам.“

И двата возачи на Ducati се бореа за победа на првата трка која се оддржа во Катар, а Андреа Довициозо заврши на второто место. Победник на трката беше Хорхе Лоренцо. 

Back To Top