Без разлика што вели Роси, Ducati секогаш ќе се обидува да ги има најдобрите возачи во својот тим - Џиџи Далиња

Шефот на Ducati Corse, Џиџи Далиња во интервју за италијанскиот магазин „Gazzetta dello Sport “ призна дека тимот е заинтересиран за Хорхе Лоренцо и Марк Маркез. Откако Роси и Yamaha потврдија дека Италијанецот ќе остане во тимот и во сезоните 2017 и 2018, сега е ред на Лоренцо да го каже своето мислење и многу луѓе се прашуваат што ќе се случи.

За работите да бидат малку појасни, ќе ве потсетиме дека Роси беше првиот возач што го продолжи договорот. Тој воопшто не ја криеше причината зошто се одлучи да потпише нов двогодишен договор со Yamaha. Откако првично изјавуваше дека ќе почека да види како ќе се одвива шампионатот, тој го промени мислењето и потпиша нов договор.

lorenzo original

На некој начин, тој му испрати порака на Лоренцо, во која како да сакаше да му каже дека и покрај тоа што беше шампион минатата сезона, Роси се уште е важна личност во мото спортот. Како одговор на тоа, Лоренцо изјави дека Yamaha веќе му понудила договор, но тој сакал малку да почека пред да ја донесе одлуката.

Многу луѓе велат дека тој ќе потпише за Ducati и дека чека само да види како ќе се покаже Desmosedici GP, со кој Довициозо заврши на второто место на трката во Катар. Покрај се, Лоренцо од лично искуство знае какво е чувството кога на патеката во Лосаил тој беше поминат од двата мотоцикли на Ducati без никаков проблем.

Роси вели дека Лоренцо не е доволно храбар за да вози за Ducati

Неодамна, Роси изјави дека е потребна храброст за да се промени тимот, а особено да се избере Ducati. Секако, Роси мислеше на фактот дека само Стонер беше доволно добар за да ја освои титулата со Ducati. Делиња изјави дека Ducati е спремен за борбата за титулата и дека Desmosedici GP е значително подобрен од времето кога Роси беше дел од тимот.

Целта на Ducati е неговите возачи да станат побрзи и посилни, изјави Делиња за Италијанските медиуми. Без разлика што вели Роси, Ducati секогаш ќе се обидува да ги има најдобрите возачи во својот тим. А бидејќи им истекуваат договорите на Лоренцо и Маркез, ќе биде интересно да се види како ќе заврши целата ситуација.

Ако Лоренцо тврди дека Yamaha веќе му понудила договор, истата работа не може да се каже и за Маркез. Минатата недела тој изјави дека негова цел е да остане во тимот на Honda, но тие се уште му немаат понудено нов договор.

Со оглед на тоа колку отворено шефовите на Ducati зборуваат за овие двајца возачи, можеме само да шпекулираме дека нешто се случува. Впрочем, секој возач ја кажува истата работа се додека не потпише со нов тим. Сакате да се обложиме дека ќе има нови работи после трката во Аргентина?

Back To Top