22
Саб, Јул
MotoGP

Дождот му ја донесе победата на Педроса

motori 2012_sepang_pedrosaШпанецот Дани Педроса (Хонда) е победник на трката за ГН на Малезија во Мото ГП. Тој ја направи поинтересна завршницата во најквалитетното мотоциклистичко натпреварување, зашто ја намали негативата на 23 бодови во однос на лидерот во генералниот поредок кај возачите, сонародникот Хорхе Лоренцо (Јамаха)..

Следете нè на:

 

2012 sepang_pedrosa

Шпанецот Дани Педроса (Хонда) е победник на трката за ГН на Малезија во Мото ГП. Тој ја направи поинтересна завршницата во најквалитетното мотоциклистичко натпреварување, зашто ја намали негативата на 23 бодови во однос на лидерот во генералниот поредок кај возачите, сонародникот Хорхе Лоренцо (Јамаха). Шпанските мотоциклисти беа во главна улога и на оваа трка, а Лоренцо ја почна од пол-позицијата, но беше минат од страна на Педроса во деветиот круг. 

Големи проблеми за возачите на Сепанг им направи обилниот дожд што беше причина за излетување на дел од натпреварувачите. Дождот негативно се одрази и на Лоренцо, кој направи две грешки по што за малку ќе ја загубеше втората позиција од бранителот на титулата Австралиецот Кејси Стонер. Стонер сериозно му се приближи на Лоренцо, но за среќа организаторот во тој момент ја прекина трката. Половина час се чекаше да се смират временските услови, но откако не се случи тоа беше донесена одлука трката да биде завршена со пласманот од 14. круг. 

До крајот на шампионатот остануваат уште две трки во Австралија на Филип Ајленд која се вози викендов и последната трка на Валенсија на 11 ноември.

Резултати од трката

Поз.Бод.Бр.ВозачТимРазлика
1 25 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 29'29.049
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing +3.774
3 16 1 Casey STONER Repsol Honda Team +7.144
4 13 69 Nicky HAYDEN Ducati Team +10.518
5 11 46 Valentino ROSSI Ducati Team +16.759
6 10 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini +17.276
7 9 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team +50.282
8 8 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar +51.585
9 7 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport +56.676
10 6 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing +57.622
11 5 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project +1'02.805
12 4 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini +1'02.891
13 3 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 +1'28.989
84 Roberto ROLFO Speed Master 0 круга
Без пласман
6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 2 круга
35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 3 круга
14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 3 круга
22 Ivan SILVA Avintia Blusens 3 круга
5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 3 круга
11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 5 круга

Генерален пласман

 
Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Jorge LORENZO Yamaha SPA 330
2 Dani PEDROSA Honda SPA 307
3 Casey STONER Honda AUS 213
4 Andrea DOVIZIOSO Yamaha ITA 195
5 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 154
6 Valentino ROSSI Ducati ITA 148
7 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 135
8 Stefan BRADL Honda GER 125
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 114
10 Ben SPIES Yamaha USA 88
11 Hector BARBERA Ducati SPA 79
12 Aleix ESPARGARO ART SPA 63
13 Randy DE PUNIET ART FRA 53
14 Karel ABRAHAM Ducati CZE 43
15 Michele PIRRO FTR ITA 30
16 James ELLISON ART GBR 28
17 Yonny HERNANDEZ BQR COL 28
18 Colin EDWARDS Suter USA 25
19 Jonathan REA Honda GBR 17
20 Danilo PETRUCCI Ioda-Suter ITA 16
21 Mattia PASINI ART ITA 13
22 Ivan SILVA BQR SPA 11
23 Toni ELIAS Ducati SPA 10
24 Katsuyuki NAKASUGA Yamaha JPN 7
25 Steve RAPP APR USA 2
26 David SALOM BQR SPA 1
comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!