Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, ќе ја вози новата верзија на Desmosedici GP13 на трката во Захсенринг која ќе се одржи овој викенд.

dovi-2013-1

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, ќе ја вози новата верзија на Desmosedici GP13 на трката во Захсенринг која ќе се одржи овој викенд.

„За прв пат Андреа ќе се натпреварува со новиот мотоцикл. Имавме добри резултати на приватниот тест во Мизано минатата недела па одлучивме Андреа за прв пат да се натпреварува со новиот мотоцикл,” изјави тимскиот менаџер на Дукати, Виториано Гуареши.

Возачот на Прамак, Андреа Ианоне, исто така се надева дека ќе го вози новиот мотоцикл овој викенд, а фабричкиот возач Ники Хејден одлучи да се натпреварува со актуелниот мотоцкил.

Дукати се надеваат дека ќе постигнат подобри резултати отколку на последната трка во Асен. Валентино Роси, кој премина од Дукати во Јамаха во 2013 година, заврши на првото место, а Довициозо, кој имаше заостанување од половина секунда беше десетти.

„Знаевме дека Асен е тежок за нас но со нетрпение ја очекувам трката во Захсенринг. Сите знаат дека свиокот 'waterfall' е еден од најдобрите свиоци и доколку мотоциклот работи добро, ќе биде многу забавно,” изјави Андреа Довициозо.

Back To Top