thumb_doviziosoВозачот на Monster Tech 3 тимот ја скрши клучната коска возејќи крос. Сеуште не е официјално потврдено, но се очекува Италијанецот да биде подготвен за вториот вон сезонски МотоГП тест кој ќе се одржи на 31 Јануари на патеката Сепанг.

doviziosoДа се остане во форма за време на паузата помеѓу две сезони е во фокусот на секој сериозен тркач, имајќи го ова во предвид чести се и повредите на возачите кои тренираат во зимскиот период. Минатата недела Ники Хејден се повреди тренирајќи на приватна патека во близина на својот дом, а сега тоа му се случи на Андреа Довициозо.

Возачот на Monster Tech 3 тимот ја скрши клучната коска возејќи крос. Сеуште не е официјално потврдено, но се очекува Италијанецот да биде подготвен за вториот вон сезонски МотоГП тест кој ќе се одржи на 31 Јануари на патеката Сепанг. Дови самиот ја објави сликата од болницата во која се најде веднаш по повредата, а според нашите прогнози на крајот од месецот тој ќе се качи на Yamaha YZR-M1 2012 возејќи за сателитскиот тим на Јамаха.

Во текот на утрешниот ден ќе му биде извршена операција во која ќе му биде вградена плочка која ќе ги спои двата дела на скршената коска, по ваква операција докторите препорачуваат пауза од 15 дена. -„Се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред, времето за закрепнување од ваков зафат е 15 дена, па се надеваме дека Довициозо ќе може да присуствува на тестирањето на крајот од месецот. Во секој случај тој ќе треба да биде многу внимателен.“ - изјави докторот Порцелини, истиот кој го оперираше Валентино Роси по повредата на крајот од 2010 година.

Крајот на 2012 е крај и на повеќе договори помеѓу големите тимови и возачи, па Довициозо се надева дека возењето за Теч3 оваа сезона ќе му донесе место во фабричкиот тим на Јамаха во 2013.

Back To Top