22
Саб, Јул
MotoGP

Довициозо: Доколку работиме добро можам да победам

Андреа Довициозо е решен да го подобри Ducati. Италијанската веб страна omnicorse.it имаше можност да поразговара со Италијанскиот возач кој беше присутен во фабриката на Ducati кога пристигнуваа седумте нови MAN камиони кои ќе го пренесуваат MotoGP тимот низ целиот свет.

Следете нè на:

 

Dovi-Sepang-Day-1-2013Довициозо на првиот тренинг на Сепанг годинава

Андреа Довициозо е решен да го подобри Ducati. Италијанската веб страна omnicorse.it имаше можност да поразговара со Италијанскиот возач кој беше присутен во фабриката на Ducati кога пристигнуваа седумте нови MAN камиони кои ќе го пренесуваат MotoGP тимот низ целиот свет.

Еве еден извадок од интервјуто:

За (не)учеството на последниот приватен тест во Остин?

За нас патот до Остин би бил проблематичен. И знаевме од самиот почеток дека би биле зад тимовите кои тестираа на американската патека. Важно е да се биде свесен за тоа. Префериравме да се посветиме на развојот на GP13, бидејќи трката во Остин е втора на календарот. Исправна е одлуката што останавме и работевме од дома и покрај тоа што сите сметаат дека би било подобро да сме таму.

Ducati ќе биде присутен на патеката во Америка да ги презентира новите мотори. Дали вие ќе присуствувате само за да имате шанса да возите неколку круга?

Тие ме прашаа но јас ги одбив. Имав слично искуство кога отидовме во Арагон за прв пат и се обидовме да ја научиме патеката со поинакви мотори. Тогаш Кејси победи на трката, а тој беше единствениот кој не дојде на тестовите. Немате потреба да возите мотор кој е поинаков од оној кој го користите за време на трката и кој е осум секунди побавен. Нема да откриете ништо ново. Спиз и Хејден ќе одат во Остин, но јас не.

Маркез ги воодушеви сите со неговата Honda. Дали мислите дека може да го освои шампионатот во неговата прва сезона?

Можеби да, но првин ќе мора да се соочи со Лоренцо, а тој тешко се победува. Да се остане пред Лоренцо, кој ретко прави грешки е многу поразлично од тоа да се биде само брз...

Станавте омилен во Ducati Corse, ве гледаат почесто отколку што го гледаа Валентино Роси...

Врската помеѓу луѓето е добра работа.Тоа е една од причините зашто го одбрав овој проект.

Во однос на Desmosedici GP13, рам, мотор, електроника. Кои се работите што ќе ги промовирате или ќе ги одбиете?

Тоа можам да ви го кажам веднаш. Доцниме на сите три полиња. Мораме да работиме на секоја компонента посебно, но дури и ако во некои делови бидеме блиску до другите тоа не би било доволно, бидејќи останатите се многу силни и имаат одлични возачи. Доколку сакаме да ги победиме мораме да бидеме подобро од нив.

Во плановите на Ducati за 2013 година стои желбата за враќање на подиумот. Постои ли патека на која вашиот мотор е подобар од другите?

Тоа нема да се случи во првата половина од сезоната, а ќе видиме како ќе го развиеме Desmosedici во текот на сезоната. Тоа е прашање кое и нас не прогонува... На почеток, моја работа е да дадам повратна информација, а потоа инжињерите ќе треба да ги разберат информациите кои ќе им ги дадам и ќе мора да најдат решение за проблемите.Тоа е многу комплицирано...

Дали веќе знаете кое место ќе го имате на патеката?

Тоа не е тешко да се знае: има дванаесет MotoGP мотори од кои четири се Ducati. За време на тестот во Сепанг, Смит заврши позади мене и Ники, но да се борите против Брадл, Баутиста и Кратчлоу ќе биде тешко, бидејќи тие имаат мотори кои се многу слични на фабричките. Бидејќи правилата се сеуште исти би рекол дека постои некакво израмнување, моторите се многу конкурентни. Наредната година ќе има промена во правилата, па нормално е оваа година да нема никаква револуција туку само еволуција.

Што ви недостасува за да бидете победнички возач?

Во Yamaha и Honda имав добри мотори, меѓу најдобрите во светот но никогаш не бев центарот на проектот. Ова не го велам за да ги оправдам моите резултати бидејќи знам дека Кејси, Дани и Лоренцо беа навистина силни. Сега се надевам дека ќе бидам во поинаква ситуација. Во Ducati конечно се чувствувам како дел од проектот. Ако работиме добро би имал голема корист, би можел да бидам победник. 

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!