18
Пет, Авг
MotoGP

Довициозо: Чудно и без стратегија

Андреа Довициозо ја започна домашната Гран При трка без возење на загревачката сесија, а на крајот успеа да стигне до победа. Возачот на Ducati, кој стартуваше од првиот ред, имаше труење со храна во текот на ноќта пред трката, а исто така имаше и проблеми на стартот кога не можеше да го контролира мотоциклот при брзина од 320 километри на час.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо ја започна домашната Гран При трка без возење на загревачката сесија, а на крајот успеа да стигне до победа. Возачот на Ducati, кој стартуваше од првиот ред, имаше труење со храна во текот на ноќта пред трката, а исто така имаше и проблеми на стартот кога не можеше да го контролира мотоциклот при брзина од 320 километри на час.

IMGP8295

Довициозо успеа да се стабилизира и се најде на второто место зад лидерот на табелата, Маверик Вињалес. Во четиринаесетиот круг, Италијанецот ја искористи брзината на „Desmosedici“ и успеа да го претекне возачот на Yamaha.

„Многу чуден ден, “ изјави Довициозо. „Се разбудив во 4 часот наутро и ми беше многу лошо. Не успеав да одам на загревањето. За среќа не требаше да испробуваме нешто на мотоциклот.“

„Потоа за време на трката, на вториот круг предниот дел од мотоциклот нагло почна да се тресе и ја изгубив контролата. Немав енергија пред трката и бев исплашен. Но сепак успеав да останам концентриран и тоа ми помогна да се задржамк позади Маверик.“

IMGP8214

„На десет круга до крајот решив да го претекнам но немав никаква стратегија. Забележав дека дел од групата се четири возачи и мислам дека е подобро кога си напред.“

„На повеќето трки Валентино чува нешто за самиот крај па затоа очекував нешто од него. Маверик е многу брз и затоа кога на два круга до крај видов дека има + 1.2 секунди си реков „проклетство.“

„Но на последниот свиок забележав дека можам да победам. Во последниот круг имав осум десетинки предност но не можев да видам дали Маверик може да ме претекне.“

IMGP8246

„Имам победено на оваа патека со тимот на HRC но оваа победа е нешто посебно. Да се биде на врвот е одлично но да го направиш тоа со тимот на Ducati е навистина специјално. Навистина е убаво кога не очекуваш ништо, а на крајот ќе победиш. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да стигнам до оваа победа.“

Двете претходни победи на Довициозо беа остварени на влажни услови, Донингтон Парк во 2009 и Сепанг во 2016 година. Ducati пак нема постигнато победа на оваа патека од победата на Кејси Стонер во 2009 година.

Довициозо кој во моментов се наоѓа на второто место во шампионатот со заостанување од 26 поени зад Вињалес вели дека се уште е рано да се каже како ќе се одвива борбата за титулата.

IMGP8289

„Секој викенд е различен. Мораме да бидеме позитивни после овој резултат. Многумина велат дека сум негативен но јас за себе би рекол дека сум реален. Во моментов сме многу брзи но мислам дека немаме основа да издржиме 18 трки. Подлогата на оваа потека одлично одговараше на нашиот мотоцикл денеска. Исто така имавме и предност кога возевме во петта и шеста брзина.  “

„Следниот викенд ќе видиме колку сме компетитивни на друга патека. Минатата година се мачевме многу. Но како што кажав, немавме големи проблеми тука. Затоа сметам дека сум реален.“

„Ќе биде тешко да се борам со нив секоја недела и на крајот на сезоната да се борам за титулата. Но тука сме поради таа причина и ќе работиме да ја оствариме таа цел. Не сум таков возач да кажам дека и на следната трка ќе го оствариме истиот резултат бидејќи од почетокот на сезоната знам кои се предностите, а кои се слабостите на мотоциклот.“

IMGP8638

Неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, исто така краток период беше лидер на трката пред да падне на осмото место.

„Како што кажав, не сум изненаден што има проблеми. Хорхе е навистина брз возач. На пример во Херез, кога е расположен е навистина добар. Но во овој момент нашиот мотоцикл не е доволно добар за да се бориме за победа. Тоа значи дека нешто треба да се промени. Плус тој и нема многу искуство со вакви проблеми и поради тоа тешко му е да се справи со нив.“

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!