Колумбиецот Џони Хернандез ќе настапи на првиот официјален пред сезонски МотоГП тест за тимот на Јамаха Теч 3.

Како што веќе објавивме Јонас Фолгер минатата недела го откажа учеството во МотоГП со тимот Теч 3 заради тоа што не бил доволно психички и физички подготвен. Ова го остави сателитскиот тим на Јамаха на милост и немилост да најде возач за пред сезонскиот тест кој се вози на патеката Сепанг во Малезија овој викенд.

68 hernandez gp 7724.gallery full top lg1

29 годишниот Колумбиец ќе го завземе местото на Фолгер на тродневниот тест, тој веќе има пет годишно МотоГП искуство па нема да му биде тешко. Сепак од тимот изјавија дека Хернандез сеуште не е трајна замена за Фолгер, а тимот ќе го открие својот возач кон средината на февруари, пред почетокот на вториот МотоГП тест. 

Тимот повторно во соопштението изјави дека жали што Фолгер нема да биде со нив, а истовремено им се заблагодарија на тимот Педерчини што му дозволија на Хернандез да тестира за нив. Тимот ја остава вратата отворена за Хернандез, но потврди дека сеуште нема донесено конечна одлука.

Back To Top