Повредата со која се здоби на тренингот пред МотоГП трката во Брно минатата година го чинеше Џон Хопкинс прст на десната рака.
Повредата со која се здоби на тренингот пред МотоГП трката во Брно минатата година го чинеше Џон Хопкинс прст на десната рака. Супербајк возачот доби вајлд карта со која настапи за тимот на Сузуки, на тренингот тој доживеа пад во кој го повреди прстот на десната рака, а од тогаш до сега му беа извршени шест операции кои за жал беа неуспешни. После долг период на рехабилитација, а по консултација со докторите било заклучено дека ќе биде најдобро да се ампутира прстот.
„По 6 операции и илјадници долари потрошени на рехабилитација штета е што мораше да дојде до ова. Добрата вест е што сега се осеќам подобро отколку во претходните месеци, па ќе бидам подготвен за првата рунда на Филип Ајленд! Не ја загубив мотивацијата!“ - напиша тој на својот твитер профил.
Супербајк шампионатот започнува на 26 февруари со првата трка која се вози на патеката Филип Ајленд во Австралија.