25
Вто, Апр
MotoGP

Ден 2: Спиз со најдобро време, Хонда со проблем на моторите

thumb_spiz_den2Бен Спиз постави најдобро време на вториот ден од второто тестирање на патеката Сепанг во Малезија. На вчерашниот прв ден од тестирањето Кејси Стонер имаше најдобро време..

Следете нè на:

 

spiz_den2

Бен Спиз постави најдобро време на вториот ден од второто тестирање на патеката Сепанг во Малезија. На вчерашниот прв ден од тестирањето Кејси Стонер имаше најдобро време, но актуелниот МотоГП шампион денеска не настапи на тестот. Имено, сите возачи на Хонда беа во боксовите откако на крајот од вчерашниот ден биле забележани проблеми со моторот на Дани Педроза. Со цел да се испита и реши проблемот, Хонда се одлучи да апстинира од денешниот тест, а за утрешниот последен ден најавија дека сите возачи повторно ќе учествуваат.

Денешниот тест започна во 10 часот по локално време, а заврши во 6 часот попладне. Дождот го одбележа и денешниот ден, започнувајќи во 12 па се до 3.30 по што патеката остана мокра. Тестирањето завршува утре, а последниот пред сезонски тест ќе се одржи на патеката Херез. Сезоната започнува на 8-ми април на патеката Лосаил во Катар.

1. Ben Spies USA Yamaha Factory Racing 2m 1.285s (Кругови 19/35)
2. Jorge Lorenzo ESP Yamaha Factory Racing 2m 1.293s (4/26)
3. Andrea Dovizioso ITA Monster Yamaha Tech 3 2m 1.522s (18/18)
4. Cal Crutchlow GBR Monster Yamaha Tech 3 2m 1.695s (19/22)
5. Nicky Hayden USA Ducati Team 2m 1.748s (17/39)
6. Hector Barbera ESP Pramac Racing 2m 1.989s (12/26)
7. Valentino Rossi ITA Ducati Team 2m 2.130s (14/18)
8. Franco Battaini ITA Ducati Test Rider 2m 3.566s (14/20)
9. Colin Edwards USA Forward Racing (Suter-BMW CRT) 2m 5.816s (6/14)
10. Ivan Silva ESP Avintia (FTR-Kawasaki CRT) 2m 7.532s (39/39)
11. Yonny Hernández COL Avintia (FTR-Kawasaki CRT) 2m 8.213s (10/26)

comments

Би можело да ве интересира

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!