„Потребно ми е малку време да го адаптирам мојот стил на возење, но мислам дека овој мотоцикл има навистина добар потенцијал„ Ренди де Пуние

14depuniet  s1d3861 slideshow 169

„Потребно ми е малку време да го адаптирам мојот стил на возење, но мислам дека овој мотоцикл има навистина добар потенцијал„ Ренди де Пуние

Ренди де Пуние смета дека новиот MotoGP мотоцикл на Сузуки има навистина добар потенцијал откако Францускиот возач постигна време кое е само три четвртини послабо од времето на Хорхе Лоренцо на тестот во Каталуња.

Французинот помина еден круг за време од  1м 42.676с на сеуште неименуваниот четири цилиндричен мотоцикл и го освои осмото место во конкуренција на деветнаесет возачи.

Де Пуние пред новинарите изјави дека сеуште не го достигнал максимумот на мотоциклот ниту пак дека нашол некаков проблем.

„Работевме исто како и во Мотеги, чекор по чекор, и основата на мотоциклот беше навстина добра,” изјави де Пуние кој треба да помогне во развојот на новиот мотоцикл на Сузуку.

„Требаше да го прилагодиме менувачот бидејќи прв пат возиме тука, но задоволен сум од мотоциклот.Токму затоа Арагон ќе биде добар тест бидејќи ќе имаме два дена. Тука имавме само еден ден но веќе поставивме добра основа.”

„Се надевам дека ќе пронајдам некакви проблеми бидејќи досега немав никаков проблем. Се чувствувам многу удобно на мотоциклот. Лесно е да возите неколку последователни кругови. Основата на мотоциклот е веќе на високо ниво.”

„Треба да ја прилагодиме контролата на тракцијата, но како што кажав основата е на високо ниво. Досега немавме никакви технички проблеми и мотоциклот никогаш не запре на патеката.”

„Има поголема моќ и тоа е подобро за мојот стил на возење. Ќе се обидам да следам некого во Арагон за да ги видам перформансите на моторот. Ми се допаѓа распределбата на моќта. Имате чувство дека е вистински прототип мотор.”

На Де Пуние повеќе му се допаѓа новата машина со зафатнина од 1000цц на Сузуки отколку претходната која ја возеше на тестот во Валенсија во 2011 година.

„Моторот е подобар. Претходниот модел беше повеќе агресивен. Положбата на возење и рамката се многу слични. 800cc беше многу добар и мислам дека ги искористија добрите работи на овој модел.”

„Потребно ми е малку време да го адаптирам мојот стил на возење, но мислам дека овој мотоцикл има навистина добар потенцијал.”

Во понеделниот Сузуки официјално објави дека ќе се врати во MotoGP но во 2015 година.

Back To Top