30
Вто, Мај
MotoGP

Дани Педроса со најдобро време на првиот ден од тренинзите на Сепанг

motori 2012_sepang_fri_pic_1Успехот на Дани Педроса продолжува по минатонеделната победа на патеката Мотеги. Денешните тренинзи на Сепанг му припаднаа на Педроса со време од  2'01.621, а неговиот клубски колега Кејси Стонер го заврши денот на втората позиција.

Следете нè на:

 

2012 sepang_fri_pic_1

Успехот на Дани Педроса продолжува по минатонеделната победа на патеката Мотеги. Денешните тренинзи на Сепанг му припаднаа на Педроса со време од  2'01.621, а неговиот клубски колега Кејси Стонер го заврши денот на втората позиција.

Типичниот тренинг на Малезиското Гранд При вклучува топло време и голема влажност во претпладневните часови додека попладне вообичаени се поројни дождови. Таков беше и денешниот случај кога на првиот тренинг возачите имаа добри услови, а на вториот патеката беше сеуште мокра на почетокот но потоа почна да се суши што придонесе за прилично чудни услови за возење.

2012 sepang_fri_pic_4

Хорхе Лоренцо го заврши денот на третата позиција и на утрешниот последен тренинг ќе се обиде да го подобри своето време пред квалификациите со цел да избори добра стартна позиција во недела и со тоа да ја зачува предноста пред Педроса во генералниот пласман.

Резултати од тренингот
1 Dani Pedrosa 2'01.621 SPA HONDA Repsol Honda Team
2 Casey Stoner 2'01.773 AUS HONDA Repsol Honda Team
3 Jorge Lorenzo 2'01.934 SPA YAMAHA Yamaha Factory Racing Team
4 Andrea Dovizioso 2'02.236 ITA YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
5 Cal Crutchlow 2'02.266 GBR YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
6 Ben Spies 2'02.358 USA YAMAHA Yamaha Factory Racing Team
7 Stefan Bradl 2'02.617 GER HONDA LCR Honda MotoGP
8 Nicky Hayden 2'02.754 USA DUCATI Ducati Team
9 Alvaro Bautista 2'02.872 SPA HONDA San Carlo Honda Gresini
10 Hector Barbera 2'03.221 SPA DUCATI Pramac Racing
11 Valentino Rossi 2'03.274 ITA DUCATI Ducati Team
12 Karel Abraham 2'04.624 CZE DUCATI Cardion AB Motoracing
13 Randy De Puniet 2'05.029 FRA ART Aspar Team MotoGP
14 Aleix Espargaro 2'05.077 ESP ART Aspar Team MotoGP
15 Colin Edwards 2'05.387 USA SUTER NGM Mobile Forward Racing
16 Michele Pirro 2'06.058 ITA HONDA San Carlo Honda Gresini
17 James Ellison 2'06.452 GBR ART Paul Bird Racing
18 Roberto Rolfo 2'06.470 ITA ART Speed Master
19 Yonny Hernandez 2'07.257 COL BQR-FTR BQR
20 Ivan Silva 2'07.291 SPA BQR-FTR BQR
21 Danilo Petrucci 2'07.818 ITA IODA Ioda Racing Project

Информации за патеката
Прва трка 1999 circuit large_rnd17_sepang
Одржани трки 12
Кругови 21
Должина во трка 116.508km
Должина на патека 5.548km
Ширина на патека 25m
Најдолг правец 0.920km
Свиоци 15 (10 десни, 5 леви)
Пол позиција Лева

Третиот тренинг започнува ноќеска во 03.15, а квалификациите се изутрина во 07.55 часот по наше време. Трката во недела започнува во 10.00 часот, а сите возбудувања од Малезија може да се следат на обичниот СпортКлуб канал или на интернет преку стриминг на сајтот www.frombar.tv/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

МотоГП шампионатот продолжува со најпознатата патека во календарот, легендарната Муџело. Овој викенд на програмата е шестата од вкупно 18 трки колку што се предвидени за 2017 година.

Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.

Џонатан Реа стави крај на доминантната серија која Том Сајкс ја имаше на Донингтон Парк. Откако падна на првата, тој успеа да оствари победа на втората трка.

Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, беше дел од една несреќа која се случи минатата недела за време на тренингот во Мондавио, Италија.

Откако настапи со вајлд карта за Moto3 тимот на Red Bull KTM Ajo на патеката во Ле Ман, Дени Кент ќе се врати во Moto2 за трката во Муџело. Англичанецот ќе биде замена за повредениот Икер Лекуона во тимот Garage Plus Interwetten.

Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!