thumb_lorenzo-misano-testСамо луѓе без познавање во мото спортот можат да се сомневаат во талентот на Лоренцо, сепак во МотоГП освен талент потребен е и мотор со кој може да се оствари желбата наречена „Светски шампион“.

lorenzo-misano-test

Само луѓе без познавање во мото спортот можат да се сомневаат во талентот на Лоренцо, сепак во МотоГП освен талент потребен е и мотор со кој може да се оствари желбата наречена „Светски шампион“. На Лоренцо тоа му успеа со тимот на Јамаха во 2010, но сега работите се поинакви. Бројот 1 сега му припаѓа на Кејси Стонер, а доколку денот се познава по утрото, тешко дека некој ќе може да му го одземе.

Стонер самиот изјави дека следната година единствено Лоренцо може да му биде ривал, што е апсолутно точно во возачка смисла, но сепак силите на теренот се далеку од еднакви. HRC прикажа неприкосновени резултати минатата година, сите бевме сведоци на претекнувањата на правците и беспрекорните поминувања низ свиоците за сите Хонди. Тестирањата на крајот од сезоната со новите мотори ја потврдија доминацијата на Хонда, па додека ги чекаме новите резултати, можеме само да анализираме.

Јамаха во 2010 го загуби Валентино Роси, а со него и големиот спонзор Фиат. Заминувањето на Валентино Роси не беше лесно, но тимот повеќе го погоди загубата на главниот спонзор. Лоренцо стана „главен“ возач во тимот, а Бен Спиз беше очекуваното големо засилување. За жал, сите надежи паднаа во вода откако Хонда го покажа својот потенцијал.

Имајќи во предвид дека Јамаха сеуште ја тресе светската финансиска криза, а тука е и недостигот од еден голем главен спонзор, треба да бидеме реални и де кажеме дека ќе треба да се случи чудо за оваа сезона Јамаха да го преземе водството во шампионатот.

Да се надеваме дека не сме во право, да се надеваме дека ќе следиме интересен шампионат со неизвесни резултати бидејќи е досадно е да се следат трки на кои однапред се знае победникот.

Back To Top