25
Вто, Апр
MotoGP

Четврта победа по ред за Маркез

Младиот Марк Маркез дојде до четвртата последователна победа во МотоГП шампионатот на фантастичната трка на Брно.

Следете нè на:

 

93marquez s1d2180 originalМаркез продолжи да соборува рекорди и во Брно

Марк Маркез стана првиот почетник кој дошол до пет победи во својата прва МотоГП сезона

Младиот Марк Маркез дојде до четвртата последователна победа во МотоГП шампионатот на фантастичната трка на Брно. Возачот на Хонда до сега ги собори сите можни рекорди и со право е чело во генералниот пласман по 11 извозени трки во кои забележа дури 5 победи. Четвртата по ред денеска на Брно доаѓа по победите на Захсенринг, Лагуна Сека и Индијанаполис.

Возбудливата трка, онаква каква одамна не сме следеле во МотоГП, беше неизвесна до самиот крај во кој борбата за првата позиција се одвиваше помеѓу Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и Марк Маркез. Лоренцо иако водеше од првиот круг па се до 10 круга пред крајот, во финишот не успеа да го издржи налетот на Меркез, а потоа и на Педроса и мораше да се задоволи со третата позиција.

Самата трка започна на патеката Брно со температура од 22 степени, а во втората половина од трката беше истакнато и белото знаме иако немаше видливи траги од дожд на патеката. За среќа дождот изостана во Чешка, а возачите продолжија во борбата за првата позиција без да влегуваат во боксот.

Кал Крачлоу кој прикажа солидно возење не успеа да ја задржи четвртата позиција за која се бореше со Алваро Баутиста и Валентино Роси, па откако излета од патеката, успеа да се врати назад и на крајот да финишира на 17-та позиција.

Четвртото место му припадна на Валентино Роси кој и тоа како се намачи да го помине Алваро Баутиста, а Штефан Брадл финишираше на шестата позиција.

Возбудувањата во МотоГП шампионатот продолжуваат следниот викенд кога се вози трката за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун.

Резултати од трката во Брно:

Поз.БодовиБр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 166.4 42'50.729
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 166.4 +0.313
3 16 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 166.3 +2.277
4 13 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 165.8 +10.101
5 11 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 165.8 +10.178
6 10 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 165.1 +19.807
7 9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 164.2 +35.015
8 8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 164.1 +35.354
9 7 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 163.2 +51.149
10 6 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 162.8 +56.392
11 5 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 162.8 +57.420
12 4 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 162.3 +1'05.430
13 3 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 161.9 +1'12.364
14 2 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 161.8 +1'13.500
15 1 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 161.7 +1'14.128
16   68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 161.7 +1'14.991
17   35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 161.3 +1'20.640
18   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 160.5 +1'34.462
19   17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 159.6 +1'49.713
20   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 159.6 +1'50.024
21   45 Martin BAUER Remus Racing Team S&B Suter 152.5 1 круг
Без пласман
    38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 161.4 20 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 156.0 20 круга
    71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 152.4 21 круга
    8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 152.2 21 круга

 Во генералниот пласман состојбата е следна:

Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Marc MARQUEZ Honda SPA 213
2 Dani PEDROSA Honda SPA 187
3 Jorge LORENZO Yamaha SPA 169
4 Valentino ROSSI Yamaha ITA 143
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 127
6 Stefan BRADL Honda GER 103
7 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 96
8 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 92
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 80
10 Aleix ESPARGARO ART SPA 62
11 Bradley SMITH Yamaha GBR 59
12 Michele PIRRO Ducati ITA 40
13 Andrea IANNONE Ducati ITA 36
14 Colin EDWARDS FTR Kawasaki USA 25
15 Hector BARBERA FTR SPA 24
16 Danilo PETRUCCI Ioda-Suter ITA 21
17 Randy DE PUNIET ART FRA 20
18 Ben SPIES Ducati USA 9
19 Claudio CORTI FTR Kawasaki ITA 7
20 Yonny HERNANDEZ ART COL 7
21 Alex DE ANGELIS Ducati RSM 5
22 Karel ABRAHAM ART CZE 5
23 Hiroshi AOYAMA FTR JPN 4
24 Michael LAVERTY PBM GBR 3
25 Bryan STARING FTR Honda AUS 2
26 Javier DEL AMOR FTR SPA 1

 

comments

Би можело да ве интересира

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!