Британецот Бредли Смит ќе му се приклучи на тимот на KTM и ќе настапува за нив во MotoGP шампионатот во сезоните 2017 и 2018.

Британецот Бредли Смит ќе му се приклучи на тимот на KTM и ќе настапува за нив во MotoGP шампионатот во сезоните 2017 и 2018. Тој и официјално беше претставен на првата трка од овогодинешниот шампионат која се возеше во Катар. Целиот проект на KTM беше претставен на патеката Red Bull во Спилберг во октомври 2015 година.

Првиот тест беше направен четири недели подоцна во Валенсија, Шпанија. Оттогаш, тие имаат извршено уште два успешни теста исто така во Шпанија. Тимот ги назначи Мика Калио, Алекс Хофман и Ренди де Пуние за официјални тест возачи.

PA1843703.0008

Мотоциклот KTM RC16, официјално ќе биде претставен на трката која ќе се оддржи во Австрија кон средината на август оваа година.

Пит Беирер: „MotoGP проектот се развива според планот. Инжињерите и тест возачите работат навистина професионално. Со тоа што потпишавме со Бредли Смит, ние сега  можеме да преминеме на следната етапа од патот кој не води до MotoGP. “

Смит, кој има 25 години, ќе ја вози својата четврта сезона во премиерната класа. Минатата сезона тој го освои второто место на трката во Мизано, а во генералниот пласман заврши на шестото место. Британскиот возач првите трки од светскиот шампионат ги возеше во 2005 година во класата од 125цц. По пет сезони поминати во најмалата класа и со освоена вицешампионска титула во 2009 година, Смит во 2011 година премина во Moto2 шампионатот.  Во 2014 година премина во MotoGP и оттогаш бележи постојан напредок. Во изминативе три сезони тој заврши на 10-то, 8-мо и 6-то место во генералниот пласман.  Освен во дебитантската сезона, тој досега постојано се наоѓаше меѓу десетте најдобри возачи на крајот на шампионатот.

Back To Top