Британскиот тинејџер е полн со самодоверба по успешните предсезонски тестови.

8185896163 b41d1a44e0 b 

Британскиот тинејџер е полн со самодоверба по успешните предсезонски тестови.

Британскиот MotoGP дебитант Бредли Смит, верува дека е способен да го повтори успехот на Штефан Брадл, кој успешно ја извозе својата прва MotoGP сезона минатата година.

Во интервју за BBC спорт, Смит изјави: „Гледајќи што направи Штефан Брадл минатата година, кога постојано беше помеѓу седмото и петото место, верувам дека и јас го имам тој потенцијал во мене“.

„Тоа е реална цел, многу тешко е да се постигне но јас верувам во тоа.  Ако успеам да ги повторам резултатите кои ги постигна  Бредл во неговата прва сезона би бил пресреќен“.

Брадл, кој возеше за LCR Honda минатата година, четири пати успеа да заврши меѓу првите пет возачи на крајот на трката и беше највисоко рангираниот дебитант на крајот на шампионатот со освоено осмо место.

Бредли Смит ќе се соочи со голема конкуренција од  дебитантите Марк Маркез и Андреа Ианоне, кои исто така ќе се обидат да остават свој печат на шампионатот. 

Back To Top