MotoGP

BMW наскоро ќе го видиме и во MotoGP

thumb_bmw-s1000rrПретседателот на BMW, Hendrik von Kuenheim, во својата изјава за motogp.com навестува дека Баварската фабрика наскоро ќе ја видиме во најдоброто светско мото натпреварување.

Следете нè на:

 
bmw-s1000rr

Претседателот на BMW, Hendrik von Kuenheim, во својата изјава за motogp.com навестува дека Баварската фабрика наскоро ќе ја видиме во најдоброто светско мото натпреварување. „Сеуште немаме освоена титула во Супербајк, но навистина сме блиску. Штом ја достигнеме таа цел, ќе се фокусираме на поголеми и подобри трки. МотоГП е најгледаниот и најпопуларен мото шампионат во светот, она што е Формула 1 за автомобилите, тоа е МотоГП за мотоциклите. Според ова, логично е да размислуваме дека следниот наш чекор би бил настап во МотоГП, едноставно тоа е следното скалило.“

BMW сепак нема на слепо да влезе во МотоГП, годинава преку Forward Racing CRT тимот ќе имаат свој агрегат. Од она што досега го видовме на тестирањата, „CRT“ тимовите нема да бидат репер во однос на фабричките тимови, но сепак ќе биде добра почетна точка за германскиот тим. Агрегат од S1000RR од Супербајк шампионатот ќе биде вградена во мотор кој ќе го вози ветеранот Колин Едвардс.

Од МотоГП прв се повлече тимот на Кавасаки, а минатата година „пензионирањето“ го објави и тимот на Сузуки, оставајќи само три фабрички тимови во игра - Јамаха, Хонда и Дукати. За тимовите кои се откажаа главен проблем беа финансиите, па Дорна се обидува да ги намали трошоците со цел да привлече тимови како БМВ но и да ги врати старите со што ќе се зголеми атрактивноста на трките.

Моделот S1000RR важи за крал на уличните трки, но дали ќе биде тоа така и во МотоГП останува да видиме. БМВ започна да се натпреварува во Супербајк шампионатот во 2009-та, а до сега има забележано шест подиуми и една пол позиција. За тимот на БМВ во Супербајк шампионатот возат Леон Хаслам и Марко Меландри.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!