Нашите извори велат дека Спиз се подготвува за враќање во домашниот (Американски) шампионат и се очекува да биде дел од MotoAmerica шампионатот. Исто така се очекува и да биде сопственик на тим од серијата.

Дали би можеле да го видиме враќањето на Бен Спиз на мото трките? Тоа е она што во моментов се зборува во гаражите, а ваквите гласини дополнително ги разгорува и поранешниот MotoGP возач со своите објави на социјалните медиуми.

Нашите извори велат дека Спиз се подготвува за враќање во домашниот (Американски) шампионат и се очекува да биде дел од MotoAmerica шампионатот. Исто така се очекува и да биде сопственик на тим од серијата.

BenSpies 15

Ова преставува големо изненадување но истовремено е и добра вест за сите фанови бидејќи се чинеше дека 33 годишниот возач се повлече од тркањето по завршивањето на MotoGP сезоната во 2013. Повредата на рамото кое го мачеше подолго време беше главна причина за неговото повлекување.

Во изминативе неколку месеци тој објави голем број на фотографии на своите профили на социјалните медиуми, а се чини дека истовремено работел и на својата физичка кондиција.

А сликата која вчера ја објави поранешниот AMA супербајк возач и Светски Супербајк шампион изгледа дека ни го потврдува неговото враќање на трките. Нашите извори велат дека наскоро ќе биде објавено и официјално соопштение кое сигурно ќе биде одлична вест како за мото фановите во САД така и за останатиот дел од светот.

Наскоро можеме да очекуваме и повеќе информации за возачот од Тексас, а неговото враќање во MotoAmerica сигурно дополнително ќе ја зголеми популарноста на шампионатот.

Let's see if I can still do this...#alpinestars #hjchelmets #onegoalonevision

A post shared by Ben Spies (@bspies11) on

Back To Top