Денеска беше официјално претставено Дукатито (Ducati Desmosedici GP13) со кое Бен Спиз ќе настапи во годинешниот МотоГП шампионат.

ducati-pramac-4

Денеска беше официјално претставено Дукатито (Ducati Desmosedici GP13) со кое Бен Спиз ќе настапи во годинешниот МотоГП шампионат.

Одлуката на Бен Спиз да ја напушти фабричката Јамаха и да премине во сателитски тим за многумина беше неразумна одлука. Американецот објасни зошто и кога одлучил да ја напушти Јамаха, а за новиот тим не размислувал многу, иако е „сателитски“, Спиз ќе го вози новото Дукати кое го добија Хејден и Ианон.

„Навистина сум возбуден што сум дел од Дукати семејството. Ова е нешто што го посакував од самиот почеток на мојата тркачка кариера. Нашиот тим веќе има свои замисли и идеи, имаме цели кои ги зацртавме и секако дека ќе имаме огромна придобивка од поддршката на Дукати, но и од Ауди. Дукати сега има четири силни возачи со различни стилови, кои сигурно ќе го подобрат Desmosedici и ќе го вратат на врвот, онаму каде што припаѓа.“Бен Спиз

Дукати има долгорочна соработка со Прамак, а директорот на тимот, Паоло Кампињоти годинава се избори за тимот да добие статус на тим кој е подржан од фабриката. Целта е под водство на искусните инженери тимот да има голема улога во развојот на новиот Desmosedici GP13. Бен Спиз со својот талент и искуство ќе има огромно значење за тимот, да потсетиме, американецот има победа и шест подиуми во МотоГП, а претходно во 2009 го освои Светскиот Супербајк шампионат. На своето резиме Спиз има и три титули од Американскиот Супербајк шампионат.

Back To Top