27
Чет, Јул
MotoGP

Austria MotoGP, Ден 2 – Продолжува доминацијата на Ducati

Продолжи доминацијата на Ducati на вториот ден од тестовите кои се оддржуваат на Red Bull Ring во Шпилберг, Австрија.

Следете нè на:

 

Овој пат, Андреа Јанон се најде на врвот. Италијанецот беше подобар од тимскиот колега Довициозо за речиси половина секунда.

Тест возачот Кејси Стонер, постигна трето најбрзо време, но падот кој го доживеа пред крајот на сесијата го спречи неговиот понатамошен напредок. Според Стонер, причина за падот е фактот дека вози на мазни пневматици за прв пат после четири години.

stoner austriaКејси Стонер како во старите добри времиња

Стонер не се здоби со никакви повреди но сепак немаше доволно време за да се врати на патеката. Тој досега целото време го помина тестирајќи го GP16 без крилца, а двајцата фабрички возачи го тестираа мотоциклот со крилца иако тие ќе бидат забранети од следната сезона.

Хектор Барбера ја заокружи четворката на Ducati. Тој заостануваше речиси осум десетинки зад Јанон и на крајот се најде пред двајцата возачи на Movistar Yamaha.

Валентино Роси беше девет десетинки побавен од Јанон, но сепак постигна подобро време во споредба со вчерашниот тест. Неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо го постигна шестото најдобро време на патеката.

Поз. Возач Мотор Време Разлика Од претходниот Подобрување
1 Andrea Iannone Ducati 1:23.240 -1.107
2 Andrea Dovizioso Ducati 1:23.680 0.440 0.440 -0.084
3 Casey Stoner Ducati 1:23.865 0.625 0.185 -0.637
4 Hector Barbera Ducati 1:24.091 0.851 0.226 -0.558
5 Valentino Rossi Yamaha 1:24.169 0.929 0.078 -0.885
6 Jorge Lorenzo Yamaha 1:24.194 0.954 0.025 -0.981
7 Maverick Vinales Suzuki 1:24.208 0.968 0.014 -0.387
8 Aleix Espargaro Suzuki 1:24.335 1.095 0.127 -0.888
9 Scott Redding Ducati 1:24.375 1.135 0.040 -0.086
10 Yonni Hernandez Ducati 1:24.396 1.156 0.021 -0.775
11 Cal Crutchlow Honda 1:24.455 1.215 0.059 -0.983
12 Eugene Laverty Ducati 1:24.497 1.257 0.042 -0.254
13 Jack Miller Honda 1:24.555 1.315 0.058 -0.790
14 Danilo Petrucci Ducati 1:24.602 1.362 0.047 -0.390
15 Tito Rabat Honda 1:24.760 1.520 0.158 -1.435
16 Michele Pirro Ducati 1:25.139 1.899 0.379  
17 Mika Kallio KTM 1:25.191 1.951 0.052 -0.865
18 Tom Luthi KTM 1:25.705 2.465 0.514 -0.700
19 Loris Baz Ducati 1:26.453 3.213 0.748 +0.459
comments

Би можело да ве интересира

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.

Единечниот ECU ја отстрани најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови

Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

Red Bull Honda потврди дека поранешната ѕвезда во Светскиот Супербајк шампионат, Давид Џулиано, ќе настапи за нивниот тим на дводневниот тест во Лаусицринг

Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!