24
Вто, Јан
MotoGP

Austria MotoGP, Ден 1 – Довициозо најбрз, доминација на Ducati и деби на КТМ

Red Bull Ring во Шпилберг се чини дека е совршена патека за Ducati. На крајот од првиот ден од тестирањето, Андреа Довициозо се најде на врвот на табелата и заврши со предност од шест десетинки пред Андреа Јанон.

Следете нè на:

 

Red Bull Ring во Шпилберг се чини дека е совршена патека за Ducati. На крајот од првиот ден од тестирањето, Андреа Довициозо се најде на врвот на табелата и заврши со предност од шест десетинки пред Андреа Јанон.

Скот Рединг го постигна третото најдобро време и се најде пред официјалниот тест возач, Кејси Стонер. Во гаражите има гласини дека Стонер го користи овој тест за да процени до каде е неговата форма бидејќи постои можност тој да настапи на Австриската Гран При трка.

motogp sachsenring 17Андреа Довициозо најбрз на првиот ден од тестирањето

Маверик Вињалес беше првиот возач кој не настапува на Ducati и заврши на петото место. Сепак тој се најде меѓу три други возачи на Ducati, Хектор Барбера, Јуџин Лаверти и Данило Петручи.

Валентино Роси беше најбрзиот возач на Yamaha, но сепак тој имаше заостанување од 1.3 секунди во однос на Довициозо. Неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо, беше побавен за една десетинка.

На Red Bull Ring за прв пат се појави и тимот на КТМ. Тест возачот Мика Калио беше најбрз меѓу возачите на тимот и на крајот заврши со заостанување од 2.292 секунди зад Довициозо. Сепак, нема да ја дознаеме вистинската моќноста на КТМ се до почетокот на следната година

На патеката во Асен, еден од инжињерите на КТМ изјави дека мотоциклот е подготвен за MotoGP возач.

На тестот присуствуваше и тимот на Aprilia, но со оглед на фактот дека нивните мотоцикли не беа опремени со мерачи на време, не ги знаеме нивните резултати.

Возачите на Repsol Honda и Tech 3 Yamaha, не учествуваат на тестовите. Има гласини дека Ducati, кој го организира тестот, ставиле вето на присуството на Repsol Honda како реакција на одлуката на Honda во гласањето за забрана на крилцата во MotoGP.

Возачите на Tech 3сепак ќе бидат ангажирани со други настапи. Пол Еспаргаро замина во Јапонија и ќе биде дел од трката „Suzuka 8-Hour“.

Тестовите ќе продолжат утре. 

Поз. Возач Мотор Време Разлика Претход.
1 Andrea Dovizioso Ducati 1:23.764  –  –
2 Andrea Iannone Ducati 1:24.347 0.583 0.583
3 Scott Redding Ducati 1:24.461 0.697 0.114
4 Casey Stoner Ducati 1:24.502 0.738 0.041
5 Maverick Vinales Suzuki 1:24.595 0.831 0.093
6 Hector Barbera Ducati 1:24.649 0.885 0.054
7 Eugene Laverty Ducati 1:24.751 0.987 0.102
8 Danilo Petrucci Ducati 1:24.992 1.228 0.241
9 Valentino Rossi Yamaha 1:25.054 1.290 0.062
10 Yonni Hernandez Ducati 1:25.171 1.407 0.117
11 Jorge Lorenzo Yamaha 1:25.175 1.411 0.004
12 Aleix Espargaro Suzuki 1:25.223 1.459 0.048
13 Jack Miller Honda 1:25.345 1.581 0.122
14 Cal Crutchlow Honda 1:25.438 1.674 0.093
15 Loris Baz Ducati 1:25.994 2.230 0.556
16 Mika Kallio KTM 1:26.056 2.292 0.062
17 Tito Rabat Honda 1:26.195 2.431 0.139
18 Tom Luthi KTM 1:26.405 2.641 0.210
comments

Би можело да ве интересира

MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!