„Мислам дека имаме добра можност да го подобриме времето по извозен круг. Денеска не ги користев новите пневматици“ – Андреа Јанон

Андреа Јанон имаше импресивен старт во својот нов тим, Suzuki MotoGP.

Поранешниот возач на Ducati беше брз уште од самиот старт. Иако на крајот заврши на седмото место, тој постигна време кое беше за само 0.235 секунди побавно од поранешниот возач на Suzuki, Маверик Вињалес.

iannone test valencia

„Среќен сум бидејќи работевме без притисок и во моментов се е во ред,“ изјави Јанон кој одбегна да го спореди новиот мотоцикл со Desmosedici.

„Момците во гаражата се фантастични и тоа е многу важно.Генерално, чувството е добро. Остануваме фокусирани за утре. Ќе се обидеме да промениме неколку делови на мотоциклот, но само колку за проба, за да ги разбереме различните аспекти.“

„Немав среќа со падот, но на оваа патека е особено тешко кога вртите на десно при ниска температура. Потоа се вратив и се беше во ред. Ќе продолжиме со напорната работа и се надевам дека ќе се подобриме утре.“

Можете ли да го подобрите времето кое го постигнавте?

„Мислам дека постојат добри шанси да се случи тоа. Денеска не ги користев новите пневматици. Исто така не ги користев ниту меките пневматици.“

Неговиот тимски колега, дебитантот Алекс Ринс, заврши на 21 место со заостанување од 1.881секунди зад Вињалес.

Back To Top