24
Сре, Мај
MotoGP

Анализа на потписот на Лоренцо за Дукати

Официјално, MotoGP шампионот Хорхе Лоренцо ќе настапува за тимот на Ducati во сезоните 2017 и 2018.

Следете нè на:

 

Актуелниот MotoGP светски шампион, Хорхе Лоренцо, ја донесе најголемата одлука во својата кариера откако потврди дека ќе го напушти тимот на Yamaha и во следните две сезони ќе настапува за Ducati. Лоренцо настапува за Yamaha од 2008 година кога го имаше и своето деби во премиерната класа. Досега тој победи на 41 трка и освои три светски титули.

Ducati немаат остварено победа од 2010 година кога тимот го напушти Кејси Стонер, а единствената титула ја освоија во 2007 година со истиот возач.

Дали Лоренцо ја направи вистинската одлука? Останува да дознаеме...

Кратко по соопштението со кое Yamaha потврди дека Лоренцо си заминува од тимот, Ducati го објави следното соопштение:

„Ducati објавува дека е постигнат договор со Лорхе Лоренцо и Шпанскиот возач во сезоните 2017 и 2018 ќе се натпреварува со Ducati Desmosedici GP.“

„Лоренцо, кој е роден на Палма де Мајорка на 4ти Мај 1987 година, во текот на својата кариера има освоено 5 светски титули (250cc во 2006 и 2007 и MotoGP во 2010, 2012 и 2015).“

Тимот на Ducati се обидуваше да потпише договор со Лоренцо од 2009 година и досега неколку пати беше одбиван. Според нас, има неколку причини зошто сега е вистинското време Лоренцо да му се приклучи на Ducati:

По неколку лоши сезони на тимот на Ducati откако си замина Валентино Роси, Desmosedici од многумина сега е сметан дека е одличен мотоцикл со кој може да се бори за титула.

И двајцата возачи, Андреа Јанон и Андреа Довициозо, веќе имаат освоено места на подиумот, но сепак тие не се на исто ниво со Лоренцо, Роси, Марк Маркез и Дани Педроса.

Пристигнувањето на Џиџи Далиња од тимот на Aprillia е еден од главните фактори за успехот на Ducati. Тој претходно му помогна на Лоренцо да ја освои титулата во категоријата од 250cc. И покрај тоа што се наоѓа на четвртото место на листата на најмногу постигнати победи во историјата, најуспешниот шпански возач во премиерната класа сепак не успеа да ги освои критичарите.

Но сето тоа би можело да се смени доколку тој успее да го врати тимот на Ducati на првото место (под претпоставка дека во тоа нема да успеат Јанон, Довициозо или пак Стонер).

Роси не успеа да оствари победа со Ducati, а освојувањето на титула со два различни тима ќе го вметне Лоренцо во листата на елитни возачи во која во моментов се само Стонер, Роси, Лосон, Агостини и Дјук.

И да не заборавиме, тој добро ќе го наплати преминот во новиот тим.

И покрај големиот успех што го има постигнато досега, се чини дека во Yamaha се уште сметаат дека Роси е од голема важност. Деветкратниот светски шампион потпиша нов две-годишен договор веднаш по трката во Катар.

Од Yamaha изјавија дека дека немале никаква задна намера со тоа што прво објавија дека Роси потпишал нов договор и додадоа дека и двајцата возачи добиле понуда за нов договор во исто време. Италијанецот веднаш го потпиша договорот, а Лоренцо реши да почека. 

Односот меѓу овие двајца возачи се залади откако Роси реши да се врати во Yamaha во 2013 година, но уште повеќе се влоши кон крајот на минатата сезона кога Роси го обвини Маркез дека му помогнал на Лоренцо да ја освои титулата.

По трката во Катар, Роси изјави дека е потребна голема храброст за да се промени тимот. Но се чини дека Роси лошо го процени Лоренцо или пак можеби неговиот план да го испровоцира Шпанецот, успеа.

Yamaha се уште не соопштиле кој ќе го замени Шпанецот, меѓутоа за главен фаворит се смета Маверик Вињалес. Исто така се уште не е познато и кој од актуелните возачи на Ducati ќе му биде колега на Лоренцо.

Јанон е во предност поради неговата возраст, но неколкупати досега направи грешки особено откако го собори Довициозо на само неколку метри пред крајот на трката во Аргентина. Многумина сметаат дека самите возачи веќе знаеле дека еден од нив ќе мора да го напушти тимот по завршување на сезоната. Се чини дека Довициозо е посигурна опција, но можно е за таа одлука да биде прашан и Лоренцо.

И двајцата возачи во денешната изјава не кажаа ништо, а тешко е за верување дека и Лоренцо ќе изјави нешто, барем до крајот на сезоната.

Најверојатно Лоренцо и директорот на Yamaha, Лин Џарвис, ќе зборуваат за својата досегашна соработна на прес конференцијата пред трката во Херез.

Како благодарност за досегашната соработка, се очекува Yamaha да го пушти Лоренцо да дебитира на новиот мотоцикл во ноември на тестот во Валенсија.

Во досегашниот дел од сезоната, Лоренцо е единствениот возач кој успеа да го победи возачот на Honda, Марк Маркез. Со преминот на Лоренцо во Ducati, уште повеќе се намалуваат шансите Маркез да го напушти тимот на Honda.  

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!