„Постојано го губев предниот дел. Всушност, два пати успеав да го задржам мотоциклот со помош на рацете. Имав навистина многу среќа“- Алеш Еспаргаро

Додека Маверик Вињалес го прославуваше првиот подиум за Suzuki по враќањето во MotoGP, неговиот тимски колега Алеш Еспаргаро мораше да се задоволи со шестото место на трката која се оддржа во Ле Ман минатиот викенд.

PA1920651.0008

Во првиот круг, Еспаргаро успеа да се искачи до шесто место, а во шестаесетитот круг тој дури беше и на четвртата позиција.

Сепак, во трка во која дури осум возачи имаа проблеми, и Еспаргаро се мачеше. Тој на два пати успеа да спречи пад со помош на рацете.

„Бев агресивен во првиот дел од трката и имав добра брзина во првиот круг. Бев компетитивен и се борев со Маверик. Мотоциклот беше навистина добар,“ изјави Еспаргаро.

„Но тогаш забележав дека имам проблем со предниот дел. Два пати со помош на рацете успеав да спречам да не паднам. Имав голема среќа. Едноставно не ми е јасно што се случи.“

„Не знам дали и другите возачи паднаа поради истиот проблем со кој се соочував и јас. Очигледно нешто се случи со мојата предна гума, бидејќи не бев побавен за 3 или 4 десетинки туку за речиси 2 секунди.“

„Тоа беше навистина чудно и треба да разбереме зошто се случи. Во секој случај, на трката имав добра предност пред останатиот возач и само сакав да ја завршам и да освојам поени.“

„Но сепак е штета бидејќи можев да се борам за место на подиумот. Единствената позитивна работа е што со помош на рацете, два пати успеав да спречам да не паднам. Сепак, три трки по ред меѓу првите шест возачи е добро.“

Еспаргаро се наоѓа на седмото место во генералниот пласман со пет поени заостанување во однос на неговиот помлад брат, Пол, и седум поени од Вињалес.  

Back To Top