Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Шпанецот покажа дека покрај тоа што е способен да помогне во развојот на Aprilia RS-GP, тој исто така е и компетитивен.

Секако, главното прашање сега останува кој ќе биде неговиот тимски колега следните сезони?  По серијата слаби резултати, се повеќе се чини дека Скот Рединг во иднина нема да биде дел од Италијанскиот тим.

Aprilia Racing MotoGP Aleix Espargaro

„Многу сум среќен што ќе останам дел од Aprilia уште две години. За прв пат во мојата кариера имам стабилност и тоа е навистина важно,“ вели Еспаргаро.

„Имам една цел, а тоа е да се најдам на подиумот со RS-GP. Сакам да им се заблагодарам на Aprilia и на целиот тим. И во иднина ќе продолжиме да работиме напорно.“

Еспаргаро, на кого не му е непознато да постигнува добри резултати со послаби мотоцикли, постојано напредува во шампионатот. Тоа, заедно со работната етика исто така и одговара и на Aprilia.

„Продолжувањето на договорот претставува потврда за квалитетите на Алеш. Тој е брз возач и голем професионалец. Од моментот кога пристигна, тој донесе пасија и мотивација во гаражата и тоа имаше позитивен ефект врз целиот тим,“ изјави менаџерот на тимот, Романо Албесино.

„Не може да се негира неговиот допринос кон напредокот на RS-GP и сигурен сум дека во следните две сезони ќе постигнеме добри резултати. Сакам на тимот на му дадеме континуитет, а тоа што имаме возач кој одлично ја познава екипата и мотоциклот ќе ни овозможи да се развиеме на вистински начин.“

Back To Top