agostini-rossi

Џакомо Агостини, најуспешниот MotoGP натпреварувач на сите времиња, се сомнева дека Валентино Роси може да освои десетта титула.

agostini-rossi

„Годините се важни, инаку јас сеуште би се натпреварувал“ – изјави Агостини.

Џакомо Агостини, најуспешниот MotoGP натпреварувач на сите времиња, се сомнева дека Валентино Роси може да освои десетта титула.

„Ago“ освои 15 шампионати во сите класи во шеесетите и седумдесетите години, вклучувајќи рекордни 8 титули во класата од 500 кубни сантиметри.

Роси, кој веќе го држи рекордот на најмногу победи во класата од 500 кубни сантиметри, има само една титула помалку од Агостини во премиер класата, a има освоено титули и во категориите од 125 и 500 кубни сантиметри.

После две сезони без победа во Ducati, Роси се врати во Yamaha тимот со кој ги доживеа најголемите успеси во MotoGP.

Агостини смета дека Роси сеуште е достоен противник, но се сомнева дека може да го победи својот колега и двоен светски шампион Jorge Lorenzo.

Убеден сум дека кариерата на Валентино Роси сеуште не е завршена, но мислам дека ќе му биде многу тешко да го освои следниот шампионат, изјави Агостини за GPone.com

Поминаа две години откако Валентино последен пат победи на трка, а три откако освои титула. Покрај тоа тој е и две години постар.

„Годините се важни, инаку јас сеуште би се натпреварувал“ – изјави Агостини

Ангел Нието, кој освои 13 титули во класите од 125 и 50 кубни сантиметри, е еднинствениот возач кој се наоѓа помеѓу Агостини и Роси на листата на најмногу освоени шампионати.

Роси ќе има 34 години на стартот на новата MotoGP сезона.

Back To Top