“Денеска беше нешто навистина посебно, ова е една од најдобрите победи во мојата кариера”- Валентино Роси

46rossi s1d6784 original

“Денеска беше нешто навистина посебно, ова е една од најдобрите победи во мојата кариера”- Валентино Роси Валентино Роси ја опиша неговата осумдесета победа како една од најдобрите во неговата кариера. Возачот на фабричкиот тим на Јамаха имаше одлична трка и ја оствари својата прва MotoGP победа по 2010 година. Роси го помина дуото на Репсол Хонда, Марк Маркез и Дани Педроса и до крајот на трката немаше никакви проблеми. Се чини дека 34 годишниот возач е значително подобар по тестовите во Каталуња. “Денес беше нешто навистина посебно. Ова е една од најдобрите победи во мојата кариера,”изјави седумкратниот MotoGP шампион кој помина две неуспешни сезони во Дукати пред да се врати во Јамаха во 2013 година. “Навистина сум среќен бидејќи победив на трка во која моите противници беа силни и брзи.” “Имав добро чувство,бев добар при сопирањето и се чувствував добро на моторциклот.Беше тешко но целната линија ме повикуваше и морав да стигнам најбрзо што можам. Направивме подобрувања на моторциклот и ќе можам да возам подобро.” “Би сакал да му честитам на Роси. Одлично е за мото трките кога тој се наоѓа на врвот,”изјави Марк Маркез. Во меѓувреме Роси му оддаде почит на тимскиот колега Хорхе Лоренцо,кој и покрај тоа што сеуште имаше болки од операцијата на клучната коска се најде на петото место. “Хорхе имаше неверојатна трка.Треба да му честитаме бидејќи потребно е да се има голема храброст за да се направи ова.”

Back To Top